Реклама
Наши ѕвезди

Благоја Грујовски најискрено за разводот од Татијана Стојановска – овие детали прв пат ги открива

Понекогаш подобро е добар развод, отколку лош брак, беше заедничкиот заклучок на водителките и познатиот пејач

Реклама

Пејачот Благоја Грујовски со години е во складен брак со сопругата Ирена за која не крие дека веднаш знаел дека е онаа вистинската.

Но пејачот зад себе има уште еден брак и тоа со една од нашите најпознати водителки, Татијана Стојановска.

Благоја од овој поранешен брак со македонската Моника Белучи, како многумина ја нарекуваат Татијана, го има синот Матеј, додека од бракот со Ирена го доби синот Марко кој е 12 години помлад од Матеј.

Маркетинг

Фејсбук/ Благоја Грујовски

Овој брак на Благоја и Татијана не траеше долго, а пејачот неодамна во подкастот на Ивана и Андрија искрено зборуваше за нивниот развод.

Маркетинг

Фејсбук/ Благоја Грујовски

Имено, Благоја и Татијана која е 12 години помлада од него, ќе се разделат во 2007 година, без медиумски спектакли.

Фејсбук/ Благоја Грујовски

Тие и денес имаат одличен однос, а како што откри и самиот Благоја во подкастот, тие имале добар развод, ако воопшто може така да се каже.

„Не може да е едноставно. Дури и во наједноставниот случај, јас имав опуштена ситуација, пријателска разделба, сепак не е сеедно“, вели искрено Благоја зборувајќи за разводот од поранешната сопруга.

Фејсбук/ Благоја Грујовски

„Ние гледавме тоа да го направиме најбезболно, најдругарски, најчовечки, меѓутоа сепак не е лесно“, заклучува тој.

Што се однесува до тоа дали имало втора шанса, Благоја открива дека едноставно за тоа немало потреба бидејќи и кај двајцата немало волја за тоа. „Кога нешто ќе пукне, тешко се лепи“ вели тој.

Фејсбук/ Благоја Грујовски

„Ние имавме добар развод, ако воопшто може така да се каже. Нашиот развод беше со консензус, меѓусебна согласност. Ако постои лесен развод, тоа би бил мојот развод“, истакна Благоја.

Целото интервју со Благоја и убавите водителки на тема развод и давање втора шанса, погледнете го во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button