Благица Павловска соопшти прекрасна вест: Нејзината принцеза е дома
Пејачката пресреќна ја соопшти убавата вест.
Ѝ дојде душата на место.
Благица Павловска повторно се огласи на Фејсбук.
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
Познатата фолк-дива позната е и како голем љубител на животните, а нејзиниот Фејсбук профил е исполнет со апели за помош на незгрижените кучиња и мачиња.
Вложува голеи напори за да им помогне на бездомните животни и самата таа многупати ги има згрижено додека им се најде сопственик.
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
Многу од нив има спасено и од сигурна смрт.
Честопати апелира да се зголеми хуманоста за овие животни.
Деновиве пејачката доживеа голема тага откако нејзиното куче, кое го нарекува принцеза, исчезна.
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
Кучето исчезна во реонот на Кисела Вода, па пејачката упати апел до сите кои се во близина да помогнат при наоѓањето на нејзиното милениче.
За среќа, нејзината принцеза беше пронајдена, а Благица убавата вест ја соопшти веднаш на Фејсбук:
„Принцезата ми ја донесе Елена, ти благодарам од срце што ми ја пронајде и ја згрижи некое време. Господ да те благослови хумана душо и благодарам на сите што се погрижија да ја побараат. Принцезата е домааа“, напиша Благица.