Благица Павловска ретко кој ќе може да ја препознае на овие СТАРИ ФОТОГРАФИИ – но погледнете ги и Алачки и Сузе Национале
Колку се промениле нашите најпознати пејачки и пејачи од почетокот на својата кариера најдобро можеме да видиме од нивните стари фотографии.
Некои речиси воопшто не изгледаат на она што се сега, па многумина ќе се изненадат од разликата кога ќе ги погледнат нивните стари фотографии. Од друга страна, некои од овие трансформации ќе ве остават без зборови и тоа не затоа што денес изгледаат непрепознатливо, туку затоа што и покрај тоа што поминале толку години, кај некои можеби и по две-три децении, тие сега изгледаат дури и многу подобро и позанесно отколку на почетокот од кариерата.
Погледнете ги фотографиите од почетокот на кариерата на естрадните ѕвезди – некои од нив нема ни да ги препознаете.
Покрај нашите пејачки, ќе ги видите и најпознатите пејачки и пејачи од целиот регион, а сигурни сме дека најмногу ќе се изненадите од тоа како изгледале Јелена Карлеуша, Цеца Ражнатовиќ и Драгана Мирковиќ.
Па, да почнеме по ред…
Сузана Спасовска
Сузана важи за една од нашите најпознати фолк пејачки. Во деведесеттите години на минатиот век сите зборуваа за нејзината ексцентричност во облекувањето, а во тек на кариерата многу често ги менуваше и фризурите. И не ретко промените одеа од една во друга крајност.
Од црвена коса каква денес носи Зорица Брунцлик, до буквално избричена глава уште во 1994 година.
Таа носеше и перики и „надградби“ за коса, а како што самата ќе истакне во едно нејзино интервју, истите ги купувала за време на своите настапи низ светот.
Благица Павловска
Таа е позната по своите бројни хитови во народната музика и како една од најдобрите фолк пејачки во Македонија. Иако не е толку присутна на медиумската сцена како на почетокот од својата музичка кариера, каде и да се појави и ден-денес привлекува внимание, а одвреме-навреме знае да објави и по некоја фотографија на социјалните мрежи која секогаш ќе собере голем број лајкови и коментари.
Таа наскоро ќе напони 63 години, а од фотографиите на Фејсбук можеме да видиме како таа за време на нејзината повеќедецениска кариера го менувала својот имиџ. Сепак денес многу мал број од нејзините фанови се сеќаваат како Благица изгледала на почетокот од својата кариера.
Сузана Гавазова
Адријана Алачки
Ирена Спасовска
Кон крајот на 80-тите и првата половина од 90-тите години на минатиот век Адријана Алачки и Ирена Спасовска беа вистинска фолк сензација во Македонија.
Тие заедно со тогашниот партнер на Адријана, хармоникашот Горан Алачки, настапуваа речиси на сите фолк фестивали во државава. По некое време триото ќе стане квартет кога ќе им се приклучи и тогашниот партнер на русокосата Ирена, но овој состав нема да трае долго време.
Благоја Грујовски
Елена Велевска
Фото: Принтскрин