Благица Павловска пресреќна, објави преубава вест – пристигнуваат честитки, еве како се радува!
Пејачката полна со енергија, годините за неа се само бројка

Пејачката го прослави својот 65 роденден, ова беше посебен ден за неа
Нашата позната фолк-пејачка Благица Павловска го прослави својот 65 роденден, па по тој повод објави неколку фотографии.
Имено, откако бројни пријатели и колеги и го честита роденденот, се огласи и пејачката на социјалните мрежи.
Благица објави неколку фотографии и покажа како го помина овој ден, но и им се заблагодари на сите за честитките.
Фото: Фејсбук, Благица Павловска
„Ви благодарам на сите од срце што ми упативте преубави желби за мојот роденден. Ве сакам сите“, напиша пејачката.
Фото: Фејсбук, Благица Павловска
Таа објави и неколку фотографии со кои ги воодушеви сите, а под кои се уште добива бројни честитки.
„Благице наша, вечно млада, те сакаме и ние“, и порачуваат нејзините бројни фанови на социјалните мрежи.
Фото: Фејсбук, Благица Павловска
Еве како изгледала Благица во младоста
Потсетуваме, Благица Павловска веќе со децении важи за една од нашите најпознати фолк-пејачки, со бројни хитови зад себе.
Принтскрин/ Јутјуб, РБ телевизија
Таа деновиве го прослави својот 65-ти роденден, а неодамна „исплива“ една стара фотографија, од пред триесет и кусур години, од која можевме да видиме колку нашата најпозната фолк-пејачка се променила од почетокот на кариерата досега.
Повеќе за ова прочитајте тука, а како изгледала пејачката тогаш, погледнете на крајот од галеријата…