Реклама
Наши ѕвезди

Благица Павловска го промени имиџот – со овој трик и во седмата деценија изгледа одлично

Реклама

Благица Павловска (60) во последно време се почесто можеме да ја видиме во фустани кои ги обожаваат многу познати дами.

Фото: Фејсбук

Познатата фолк пејачка Благица Павловска заедно со својот колега Јордан Митев повеќе од месец дена се на турнеја во Австралија. Од она што можеме да го видиме како од нејзините настапи, така и од фотографиите што се вртат на социјалните мрежи Благица во последно време се почесто избира долги и лелеави фустани кои и стојат одлично.

Во прашање се женствени фустани кои им стојат убаво како на полните, така и на послабите девојки. Тие ја истакнуваат половината и ги сокриваат недостатоците, а воедно се и многу пријатни за носење.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

Нашата позната пејачка иако веќе е во „сериозни“ години, во овој модел изгледа одлично.

Фото: Фејсбук

Посебно откако одлучи и да го освежи својот изглед со новата хит фризура која поприлично ја подмлади.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

Имено, Благица реши да ја промени својата фризура, па ја бојадиса во црвенкаста-портокалова нијанса. Од коментарите на социјалните мрежи можеме да заклучиме дека оваа боја и стои одлично, а и нејзините обожаватели се позитивно изненадени од промената.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button