Блага Петреска испрати моќна порака и ги растажи сите: „Само плачот на мајките остана“
Македонската фолк дива испрати моќна порака до властите.
Блага Петреска е македонската пејачка од која помладите музичари можат само да научат.
„Свени ми свени невене, „Ти ме предаде“, „Ех љубов“, „Охрид порти отвора“, „Сакам да ти простам“, „Запеј генерацијо“, „Што да таксам на Господа“, „Гоце син македонски“, „Саноќ сама“, „Заиграј срце“, „Заљуби се“, и….препознатливата омилената “Пеј грло мое“ се само дел од најголемите хитови на нашата фолк-икона, Блага Петреска.
И покрај многу немили настани кои ѝ се случиле во животот, Блага постојано ја гледаме со широка насмевка на лицето.
Повеќето нејзини песни се весели и публиката не може да остане рамнодушна на нив.
На секој нејзин настап сите танцуваат, од најмлад до најстар.
Блага не е многу активна на социјалните мрежи, но понекогаш знае да сподели фотографии од своето семејство.
Најгорда е на своите деца и внуци.
Таа изминатиов период ја сподели песната „Да се вратат чедата“, која таа ја изведе во дует со пејачот Гоце Арнаудов, а која е голем хит.
Во опис на објавата Блага напиша моќна порака.
„Се надевав дека оваа песна ке ги поттикне владите на Македонија да направат да не ни бегаат децата по светот ама ништо од надежта само плачот на мајките остана“, напиша Блага.
Иако секогаш е позитивна и така ѝ зрачи, сепак животот не ја мазел. На млади години го загуби сопругот со кој има две деца, синот Олег и ќерката Оља.
„Мене ми се случи вистинска љубов и две деца од истата. Кога останав сама одлучив да не ги повредам моите деца затоа што тие многу го сакаа татка си. Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно за ништо да не им фали, само да учат, да завршат факултет.. Така и бидна“, изјави своевремено пејачката.
Пандемијата која повеќе од една година беснее во светот донесе многу тага и загуби.
Сепак Блага успеа да го задржи ведриот дух.
Таа истакна дека ќе се труди да пее додека ја држи грлото. Најтажна е затоа што пандемијата ѝ одземала многу драги луѓе, но вербата во Бог ја држела целиов овој период.
Таа кажа дека целиот период се трудела да се заштити максимално, затоа што спаѓа во ризичната категорија на луѓе.
„Ние пензионерите, значи луѓе кои сме во пристојни години, сме најризична група. Но ако сум дома не сум сама. Додуша немам физички контакти со моите, се слушаме по телефон без разлика на тоа што син ми и снаа ми живеат блиску до мене. Ми помагаат колку што можат. Ќерка ми Оља, зетот и децата живеат во Уганда, на сосема другиот крај на планетата, а тоа тешко ми паѓа. За среќа што постојат овие модерни технолошки интернет врски, па така редовно ја одржуваме комуникацијата“, кажа пејачката.
Блага своето слободно време често го поминува во друштво со внуките од синот Олег.
Олег инаку е оженет со извонредната виолинистка Ана Кондратенко која по потекло е од Русија.
Ана и Блага дефинитивно го рушат стереотипот за „проблематичниот однос снаа-свекрва“.
Ана е исклучителен музичар со став, атрактивна дама со волшебни зелено-сини очи, сопруга на врвен музичар и мајка на две деца.
Во нивниот дом секогаш е весело и секогаш има музика.
Во скоро секое свое интервју Ана ја споменува својата свекрва, за која вели дека ѝ е најголема поддршка
Ана и Олег се родители на две ќерки. Музичарите многу ретко споделуваат фотографии од нив, но мора да се забележи дека најстарата од нив, Леона, која сега ќе наполни 19 години, порасна во вистинска убавица.
Погледнете ги и останатите фотографии …
ФОТО: Блага Петреска / Фејсбук
ФОТО: Блага Петреска / Фејсбук
ФОТО: Блага Петреска / Фејсбук
ФОТО: Блага Петреска / Фејсбук
ФОТО: Блага Петреска / Фејсбук
ФОТО: Блага Петреска / Фејсбук
ФОТО: Блага Петреска / Фејсбук
ФОТО: Блага Петреска / Фејсбук
ФОТО: Блага Петреска / Фејсбук
ФОТО: Блага Петреска / Фејсбук
ФОТО: Блага Петреска / Фејсбук