Диети

Бијонсе се качи на вагата и покажа колку килограми имала по породувањето и пред да започне со оваа диета

Реклама
Реклама

Откако ги роди близнаците и пејачката се соочува со големите проблеми што ги мачат сите мајки, а тоа е вишокот килограми.

За да ја врати старата линија, Бијонсе стартуваше една многу ригорозна диета, но и започна со напорни тренинзи. Таа не криеше дека веднаш по породувањето имала речиси 100 килограми, односно поточно 98, па призна дека не се чувствува убаво во своето тело.

Маркетинг

Токму затоа таа неколку недели пред настапот на Коачела, во 2018 (откако претходната година наеднаш го откажа, зарад бременоста), започна со предизвикот „22 Days Nutrition” кој се базира на веганска исхрана, во првиот ред со авокадо. Поради овој предизвик таа престана да консумира месо, јаглехидрати, млечни производи, шеќер, алкохол, како и риба. Резултатите за кратко време беа забележливи, а таа изјави:
.
„Си направив огромен притисок, но повеќе никогаш нема толку да се мачам. Се чувствувам како нова жена во ова поглавје од животот и веќе не се обидувам да бидам она што бев некогаш. Таквиот став ви го носат децата“.

Маркетинг

Денес откако поминаа повеќе од година дена од фамозниот настап, пејачката реши потполно да се соголи и јавно да покаже колку навистина имала килограми пред да започне со диетата.

Веднаш на почетокот од видеото застана на вагата и покажа колку килограми имала тогаш, а потоа искоментира:

„Добро утро, сега е 5 наутро и почна првиот ден за мојата подготовка за Коачела, Кошмар за секоја жена – 79 килограми, долг е патот пред нас“.

Инаку, пејачката планот за исхрана „22 Days Nutrition” веќе го држеше и во 2015 година, заедно со сопругот. Тогаш започнаа да промовираат веганска исхрана, а Бијонсе беше презадоволна откако се преминот на исхрана базирана исклучиво на намирници со растително потекло поради кои забележала големи резултати.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button