Бијонсе конечно објави како изгледа венчаницата што ја носеше на обновување на заветот
Познатата пејачка на Инстаграм се потсети на омилените моменти од 2018 година.

Бијонсе објави видео монтажа со фотографии од настаните што и се случуваа во текот на годината, од доделувањето на Греми наградите, преку нејзиниот настап на фестивалот Коачела, па се до заедничката турнеја со нејзиниот сопруг и најубавите моменти со семејството во 2018.
https://www.instagram.com/p/BsHFOC8BMA1/
Снимката што ја објави пејачката е забрзана и тешко можат детално да се прегледаат фотографиите, но меѓу нив е и онаа која конечно целосно ја прикажува нејзината венчаница што ја носеше кога го обновуваше заветот со Џеј-Зи. За среќа, дизајнерката на фустанот успеа да направи „принтскрин“ од фотографијата и да објави на својот Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/BsIz187n4mM/
„Кралицата Б носеше Thelma фустан за обнова на заветот со Џеј-Зи во јуни оваа година, но ова е првата официјална фотографија од тој ден која што се појави во јавноста”, напиша дизајнерката на венчаница Галија Лахав во описот, а потоа објави и подобра фотографија од фустанот.
https://www.instagram.com/p/BpSkzV9g5v4/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BjuoZZKBcuV/



