Македонката во полуфиналето направи растур систем, вака не пеат ни НАЈПОЗНАТИТЕ пејачи и пејачки на целиот Балкан
Повторно направи спектакл на сцената
Вчера вечерта заврши полуфиналето во натпреварот Ѕвездите на Гранд, а Марија Груевска повторно ја фасцинираше и публиката и жирито.
Таа со своите костуми што ги избира изгледа несекојдневно и досега невиден во ова популарно музичко шоу.
Така беше и овој пат кога настапи облечена како Статуата на слободата, со боцки на главата и металик фустан.
Марија ги доби сите шест гласа со што се пласираше директно во финалето, а ги изненади сите кога откри дека нејзиниот татко, кој инаку е свештеник, ги осмислува сценаријата и целиот концепт околу нејзините настапи.
„Вториот кандидат беше одличен, а првиот од кога сум во ‘Ѕвездите на Гранд’ нешто најубаво, најкомплетно, поинтересно и потешко некој да пее во живо, не сум слушнал и ќе те викам да ми испееш две балади кога за некоја година ќе славам златна свадба“, и кажа Босанац.
„Марија не те разбрав баш најдобро она што го кажа… Ова го осмислува твојот татко? Значи целиот овој концепт го осмислуваше твојот татко. Јасно е дека ова нема врска со твојот ментор туку со тебе и татко ти“, изјави Карлеуша која и во претходните емисии беше воодушевена од неа.
„Дали твојот татко е музичар“, ја праша Ана, на што Марија одговори:
„Свештеник“.
„Модерен свештеник“, додаде Босанац.
„Многу си оригинална и специфична, мислам дека местото ти е во финалето“, го коментираше Вики нејзиниот настап.
Инаку, Марија во овој круг се натпреваруваше со Мустафа Мехиќ од тимот на Марија Шерифовиќ. Резултатот беше шест-шест, а шармантната битолчанка во прегласувањето доби предност од членовите на жирито.
Настапот на Марија погледнете го на крајот од овој текст, по галеријата што следува…
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска