Реклама
Наши ѕвезди

Битолчанката која велеше дека е благословена од Бога, а разгалена од саканиот, блесна на својата свадба

Мислеше дека нема да дочека да биде невеста, па сега го направи тоа со ќеф

Реклама

Нашата позната модна блогерка и инфлуенсерка Александра Шијакоска направи интимна свадбена веселба со Едмонд Весели.

Како што самата откри преку социјалните мрежи, тие свадба ќе прават следната година, а сега направиле само мала прослава.

Си закажавме матичар, па испадна нешто повеќе од мала прослава со родителите и сестрите. Бел фустан ќе носам и сега и наредната година на свадбата затоа што мислев дека никогаш нема да дочекам да бидам невеста, па сега ми е ќеф, напиша таа на Инстаграм потсет.  Претходната година овој период плачевме и се молевме да преживеам, сега спремаме свадба и планираме иднина“, напиша Шијакоска претходно на Инстаграм и ги разнежни своите фанови.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева

За потсетување, во февруари минатата година Шијакоска објави емотивно видео преку кое откри дека ѝ бил дијагностициран тумор на главата, поради кој мораше да се подложи на 4 операции.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева

По добиената дијагноза инфлуенсерката сподели дека извесен период нема да биде присутна на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева

Иако сакаше комплетно да се повлече во тој период нејзините следбеници и беа голема поддршка во целиот процес.

Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева

Видеото предизвика лавина коментари за поддршка и надеж дека операцијата ќе помине во најдобар ред и дека Шијакоска ќе се врати на своето секојдневие. Така и се случи, а Шијакоска денес не само што е посилна од кога било, туку и заблеска како невеста и ги воодушеви сите.

Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева

Благодарение на нејзината храброст и поддршката од најблиските измина најтешката година во нејзиниот живот.

Фото: Инстаграм/ Александра Шијакоска

Таа пред неколку месеци се потсети на најтешкиот период во животот, кога ги објави следниве пораки, па сега, како што самата вели, ќе носи бел фустан и сега и по една година, кога ќе биде свадбата, затоа што мислела дека никогаш нема да биде невеста, па сега тоа го прави од ќеф.

Фото: Инстаграм/ Александра Шијакоска

Убавата невеста на интимната прослава се појави во преубава венчаница, со нејзината коса собрана во опавче и изгледаше како принцеза.

Фото: Инстаграм/ Александра Шијакоска

Со својата препознатлива широка насмевка Александра блескаше покрај својот партнер со кого се заедно 12 години.

Фото: Инстаграм/ Александра Шијакоска

Најинтересно е тоа што тие го кажаа своето судбоносно „да“ токму на денот на роденденот на Едмонд.

Фото: Инстаграм/ Александра Шијакоска

Шијакоска оваа интимна прослава одлучи да ја направат во куќата во која што живее во Битола, а потоа следуваше журка.

Фото: Инстаграм/ Александра Шијакоска

Гостите беа воодушевени од тоа како беше уреден просторот, но и од убавата невеста, а имаше и такви кои пуштија солзи радосници.

Фото: Инстаграм/ Александра Шијакоска

Романтично запросување на зајдисонце

Едмонд својата сакана ја запроси при крајот на месец мај оваа година кога и приреди вистинско изненадување.

Фото: Инстаграм/ Александра Шијакоска

Романтичното запросување се случи на зајдисонце во Солун, кога Едмонд по 12 години врска ја изненади со свршенички прстен.

Фото: Инстаграм/ Александра Шијакоска

„Благословена од Бога, разгалена од мојот свршеник. Заштитена и од двајцата“ – напиша тогаш Александра на социјалните мрежи. Блогерката тогаш откри и дека претходно биле на преглед кај нејзиниот лекар во Солун, по што саканиот одлучил да и ја исполни нејзината долгогодишна желба, да ја однесе во Луна парк, а патувањето истовремено го искористи и да ја изненади со прстенот.

Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева

Фото: Инстаграм/ Александра Шијакоска

Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева

Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева

Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева

Фото: Инстаграм/ Ангела Ѓоргиева

Фото: Инстаграм/ Александра Шијакоска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button