Вирално

Бил Гејтс одлучи да не молчи повеќе: Сподели лоши вести и прогнози за епидемијата во светот

Advertisement

Пандемијата од коронавирус го запре 20-годишниот напредок во борбата против сиромаштијата и болестите, смета коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

Advertisement

Извештајот од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, објавен во вторникот, покажува дека речиси во секој индикатор светот назадува во обидите за исполнување на целите на ОН за одржлив развој – да се стави крај на сиромаштијата и да се намали нееднаквоста.

Екстремната сиромаштија се зголеми за 7 отсто поради пандемијата, се наведува во годишниот извештај на фондацијата.

Покриеноста со вакцини – мерило за функционирање на здравствените системи – падна на ниво последен пат видено во 1990 година, „враќајќи го светот околу 25 години за 25 недели“.

Advertisement

Податоците исто така покажуваат дека економските последици од пандемијата ја засилија нееднаквоста, посебно за жените, расните и етничките малцинства. Луѓето кои живеат во услови на екстремна сиромаштија посебно се тешко погодени.

Во извештајот се објавува секоја година од 2017, Бил и Мелинда повикуваат на глобална соработка во развој на дијагностиката, вакцините, лекувањето, брза изработка на вакцини и дози како и праведна испорака на тие средства врз основа на потребите, а не врз основа на способноста за плаќање.

„Светската криза е заедничка и бара заеднички одговори“, напишаа тие.

Гејтс во разговор за Би Би Си рече дека очекува ефикасна вакцина против ковид-19 да биде подготвена до почетокот на следната година. Додаде дека било која вакцина што ќе се произведе мора да биде достапна во сиромашните земји.

Новинарот на Би Би Си го праша Гејтс за низата теории на заговор кои за него кружат во екот на пандемијата од коронавирус.

„Не знам, загрижен сум поради тие гласини. Изненаден сум зошто сум познат како голем заговорник на вакцини и спасување на животи, а сега ме напаѓаат тврдејќи дека практично правам нешто сосема спротивно. Она на што сме најмногу горди во врска со работата на нашата Фондација е бројот на деца кои се денеска живи, десетици милиони деца, поради покривеноста со вакцини, во што учествувавме и тоа во секоја земја во светот“, рече Гејтс.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button