Вирално

Бил Гејтс излезе со прогноза за крајот на пандемијата: Еве кога кризата ќе заврши за богатите, а кога во сиромашните делови од светот

Advertisement

Коосновачот на Мајкрософт и милијардер Бил Гејтс проценува дека пандемијата од коронавирус за „богатиот свет“ ќе биде завршена до крајот на 2021 година, но на останатите ќе им биде потребно многу повеќе време за опоравување.

Advertisement

„Иновациите во дијагностиката, терапиите и вакцините се импресивни. Поради тоа сметам дека во богатиот свет може да ја окончаме пандемијата до крајот на 2021 година, а за остатокот од светот до 2022 година“, изјави Бил Гејтс за американскиот сајт СиНет.

Свесен дека пандемијата сите земји од светот ги врати неколку години наназад кога станува збор за економски раст, борбата против ХИВ, маларија, пишува Инвеститор.ме.

Гејтс го критикуваше американскиот систем за тестирање на коронавирусот, како и начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација се справуваат со ситуацијата. Отворено рече дека големиот број на случаи на коронавирус во САД се резултат недоволното тестирање и следењето на контактите, како и неносењето на заштитни маски.

Advertisement

Гејтс верува дека вакцина ќе биде развиена, но дека поради различни проблеми вклучувајќи го производството, ќе може да им помогне само на побогатите земји.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button