Била паметна, скромна и убава жена – еве како изгледала мајката на НАЈГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ јунак и револуционер Гоце Делчев!
Мајката на македонскиот револуционер Гоце Делчев се викала Султана, а неговиот татко Никола…
За мајката на нашиот јунак не се знае многу, освен дека во била паметна, убава и скромна жена која поминала ни бројни животни трагедии.
Султана Нурџиева Делчева е родена 1850 година во селото Рорарци (Мурарци), Кукушко, во Егејска Македонија.
Потекнува од родот на Јанев Нуруџиев, кој бил познат во селото. Султана била паметна, убава и скромна мома, а откако се оженила со Никола Делчев, таткото на Гоце, тие добиле девет деца – пет ќерки (Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена) и четири сина (Гоце, Мицо, Милан и Христо).
Голема е болката на една горда мајка која од четири синови тројца ќе изгуби во војна.
Но токму таква била судбината на Султана која во народноослободителната војна за независна Македонија ги изгубила синовите – Мицо во 1901 година, додека Гоце и Милан загинале во 1903 година. Малкумина знаат дека и нејзината ќерка Руша исто така била револуционер.
Инаку, Ѓорѓи токму од неговата мајка Султана уште во најраното детство ќе го добие своето нагалено име Гоце.
Токму ова име подоцна ќе стане синоним за храброст и чесност во политичката терминологија на револуционерната борба за Македонија.
Ѓорѓи име било често меѓу Македонците во Кукуш, а Гоце како галовен облик е резултат од широкото распространето словенизирање на старите, од туѓ корен, христијански лични имиња во овој дел од Македонија.
Гоце како мал, најпрво учел во унијатско, а потоа се префрлил во егзархиско училиште. Бил примерен ученик, внимателен и желен за знаење, а покрај учењето, често му помагал на својот татко Никола во работата.
Во продолжение погледнете како изгледале таткото и мајката на Гоце, но и Руша, најстарата сестра на Гоце.
Руша Чопова, моминско Делчева е родена во 1868 година во Кукуш и исто така била македонски револуционер и учесник во македонското револуционерно движење и деец на македонската револуционерка организација.
Таа е првата жена – револуционерка член на ТМОРО од Кукуш (од април 1895) која рамо до рамо со другите патриоти зела учество во борбите за ослободување.
Таа ќе се омажи за Андон (Доне) Чопов – фурнаџијата и заедно ќе одгледаат седум деца: четири сина Владимир – револуционер на ВМОРО, Тодор Чопов (1892 – 1923), Туше, Христо и три ќерки – Велика (Лика) Јурукова, Ленка и Магда. Според сеќавањата на оние што ја познавале, та била неуморна, силна, храбра и решителна жена која немала страв од никого.
Покрај тоа што била дел од ТМОРО и рамо до рамо се борела со сите останати патриоти од нејзиното време, таа ќе биде и сведок на бројните врховистички убиства на македонските дејци, револуционери со кои често стапувала во борбен конфликт и јавно ги обвинувала за злосторот кој и го нанесувале на македонската борба, како и на нејзиното семејство. Имено, таа токму нив ќе ги посочи и како нарачатели на убиството на нејзиниот брат, великанот на македонската борба за независност и слобода, големиот апостол и јунак Гоце Делчев.
Гоце со комити, втор од десно
Гоце со својот пријател Гоце Имов, како јункери