Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Бикот и Вагата ќе имаат успешна недела – стрес на работа и несоница за дел од хороскопските знаци

Реклама

Неделен хороскоп од 15 до 21 јули.

ОВЕН

Комуникацијата со саканата личност ќе се движи во подобар правец и ќе бидете генерално задоволни. Ќе бидете малку загрижени за плановите кои не тргнале во насоката која ја посакувате.

Маркетинг

БИК

Потрудете се своите трошоци да ги намалите и контролирате. Иако изгледа како да имате сѐ со саканата личност.Вежбајте повеќе и водете сметка за своето здравје.

БЛИЗНАЦИ

Денес би било најпаметно да се посветите на обврските кои ве чекаат од претходниот период.. Не се нервирајте за глупости, бидејќи сите лоши нешта се позади вас.Страстите се стишуваат, а вие не знаете што сакате.

РАК

Уште една недела полна со нервози, но вие сте оптимистични дека работите ќе тргнат на подобро. Тоа е најдобриот пристап.Сакате малку да сте сами оваа недела.

ЛАВ

Доминирате на работа,но тоа на соработниците не им се допаѓа. Тие би сакале да сте помалку успешни.Партнерот ви е најголема поддршка оваа недела.

ДЕВИЦА

Потрудете се да бидете доволно посветени на конкретни решенија. Ве исцрпува напорната работа, потребен ви е одмор или патување.Партнерот го мачат проблеми, а тоа влијае и на вас.

ВАГА

Можеби конечно ќе решите некој проблем од минатото кој долго време стоел настрана.Ве очекуваат финансиски успеси за кои не сте ни сонувале дека ќе се случат. Постојано ги криете емоциите, но оваа недела потребно е да сте поотворени и искрени.

ШКОРПИЈА

Доаѓаат мали финансиски проблеми, кои не можевте да ги предвидите досега. Ако отворено му ги покажете на партнерот вашите емоции, нема да се покаете туку ќе се воодушевите од неговата реакција. Избегнувајте алкохол.

СТРЕЛЕЦ

Одморете, а потоа посветете се на новите планови.Љубовта цвета, ве очекува романтична недела.

ЈАРЕЦ

Полека се зближувате со личност која ви се допаѓа и откривате дека и таа има некои маани и слабости на некој начин. Одлично сте расположени.Вие сте личност која лесно ги решава проблемите, па тоа се очекува од вас. Не знаете кому да верувате, па затоа не се потпирате на другите.

ВОДОЛИЈА

Во овој период се враќате на некоја стара работа илу обновувате некоја деловна соработка од минатото.Имате поважни проблеми, но партнерот не го разбира тоа.

РИБИ

Ви се отвораат нови можности за започнување бизнис со кој ќе бидете многу задоволни. Не ви цветаат рози. Депримирани сте и многу чувствителни.

Поврзано

Back to top button