Реклама
Нега и здравје

Бизарна причина поради која женските циклуси се синхронизираат

Реклама

Дали ви се случило вие и вашата најдобра пријателка да имате менструација во исто време? И тогаш ќе поминете со часови жалејќи се една на друга која овој месец има повеќе болки, која повеќе ја чувствува секоја коскичка во телото и која изела повеќе благи работи …

Епа, знаете што? Не сте единствените.

Маркетинг

Одамна е докажано дека жените кои трошат многу време заедно често имаат и синхронизирани менструални циклуси. Да, да. Апсолутно не е воопшто чудно што вашата мајка, сестра, пријателка, па дури и колешка имаат менструација речиси во идентично време како и вие. Тоа е само знак дека можеби минувате премногу време заедно, и не, тоа не е доволно добра причина за вашиот шеф да ви го скрати работното време. Се чини дека вистинската причина за прилагодување на циклусот е конечно откриена. Но, ве предупредуваме, по малку е бизарна, но исто така е вкоренета во еволуцијата.

Идејата за ваквата женска синхронизација прв пат е претставена во 1971 година во списанието „Nature“, а беше резултат на истражување врз основа на 135 американски студентки кои живееле во студентски дом. Тогаш беше забележано дека синхронизацијата на менструалните циклуси е почеста кај девојките кои ја делеа собата или биле блиски пријателки. Сепак, најновите истражувања одат и еден чекор понатаму (или се враќаат наназад, зависи како гледате на ситуацијата). Имено, според „The Sydney Morning Herald“, истата ситуација се јавува и кај животните.

Маркетинг

Истражувањата покажуваат дека лавиците, исто како и женките мајмуни, исто така, се синхронизирани, и тоа од една многу логична причина – избегнување на монополизација на доминантниот мажјак. Така, жените истовремено се сексуално привлечни, но и делумно заштитени од постојаниот „поход” на мажјаците. Односно кога сите жени во исто време се особено привлечни за другите мажи, на оние што се доминантни им станува тешко да ги контролираат сите и цело време да им бранат пристап до другите мажјаци.

Едноставно кажано, а како што тврдат американските научници – ова е природен начин за вас и вашите пријателки барем неколку дена во месецот да можете удобно да се испружите пред телевизорот, да уживате додека јадете слатки, да се извлекувате со вашиот неподнослив ПМС, и истовремено, внимавајте сега, да бидете заштитени од оној досадниот, доминантен фраер кој постојано ве напаѓа!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button