Реклама
Вирално

Бидете подготвени, ни доаѓа невреме – носете чадори, а на овие места во Македонија ќе има и снег

Реклама

Најточната временска прогноза за следните 10 дена

Температурите во март и април во повеќето денови ќе бидат над просечните, а врнежите ќе бидат околу просекот.

Маркетинг

Па така по сончевото и убаво топло време кое не потсети на пролетта, од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија вчера излезе актуелно предупредување дека во текот на денешните попладневни часови (14.03.2020) и преку ноќта ќе има врнежи од дожд, а ќе има и услови за ретки грмежи. Во недела на територијата на Македонија под влијание на влажна и постудена воздушна маса врнежите ќе бидат пообилни и на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура од недела значително ќе опадне (за повеќе од 10 степени).

Фото: uhmr.gov.mk

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи, а во недела времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повисоките места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни на некои места (над 20л/м2) . Поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.

Маркетинг

Во понеделник според Управата за хидрометеоролошки работи се очекува да настапи стабилизирање на времето – минималната температура ќе се движи од -2 до 4, додека максималната од 6 до 13.

Ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а на планините и повисоките места на кои ќе има врнежи, поради заладувањето ќе бидат од снег.

Од вторник повторно можеме да очекуваме пролетно и сончево, но со можни студени утра и во следните неколку дена. Во некои делови во раните утрински и во вечерните часови може да има и појава на мраз, но преку ден ќе биде сончево и топло, со температури од 11 до 18 степени.

Во четвртокот и петок, 19 и 20 март, повторно се очекува пролетно и сончево време, а на некои места температурите ќе достигнат и до 20 степени.

Фото: accuweather.com

Според Славчо Поповски, температурите кај нас оваа пролет ќе бидат околу просекот, со можност повремено да бидат малку и над просекот, односно да биде потопло од вообичаеното. Секако дека се уште повремено има услови за надоаѓање на постудени воздушни бранови од север кој би условиле врнежи од дожд и снег, па и услови за појава на мраз, што не очекува токму во следните неколку дена. Ваквите појави кај нас се поизвесни во текот на март и април месец.

Гледано пак по врнежите, истите би биле околу просекот. Односно би имале нормални врнежи во текот на следниот пролетен период.

Повремено има услови и за создавање на поизразени циклонски активности кој би условиле поинтензивни врнежи, пишува Поповски за Фокус. Но сепак, барем според моменталната сезонска анализа за оваа пролет, условите за поголеми временски непогоди се релативно мали.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button