Бидете внимателни! Овој симптом најавува срцев удар – морате на време да ги забележите знаците, и тоа најмногу важи за жените!
Најчестите симптоми за срцев удар е болка во градите и тоа важи како за жените така и за мажите
Оваа болка трае подолго од неколку минути, но може и да престане па повторно да се јави. Но раните сигнали за инфаркт можат да бидат и болка во вратот и тоа е далеку почест случај кај жените отколку кај мажите.
Жените посебно треба да обратат внимание ако почувствуваат болка на грбот или вилицата, а загрижувачки симптоми може да биде и општа состојба на непријатност.
Значи, не е неопходно болката потполно да ве совлада, напротив, знаците можат да бидат и мошне умерени. Но тоа не значи дека не треба да бидете загрижени и да не побарате лекарска помош.
Симптомите на срцевиот удар се и општото чувство на вознемиреност, но и невозможноста длабоко да земете здив – ако ви недостасува здив и чувствувате болка во градите, но притоа имате и нагон за повраќање, веднаш повикајте брза помош. И додека помошта не стигне, треба да одмарате и да избегнувате да се напрегате.
Најдобра превенција е здравиот животен стил, а притисокот треба да го проверувате редовно. Апсолутен минимум е еднаш во пет години за сите постари од 40 години.