Реклама
Вирално

Бигорскиот Манастир станува епископско седиште, отец Партениј нов владика на МПЦ-ОА

Реклама

Игуменот на Бигорската Обител, отец Партениј е стана епископ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а Бигорскиот Манастир станува епископско седиште.

Синодот на МПЦ-ОА го избра за владика на денешната седница на предлог на Дебарско-кичевскиот Митрополит г. Тимотеј.

Партениј ќе ја има улогата на викарен епископ на дебарско-кичевската епархија и останува во Бигорскиот манастир, каде ќе биде неговото епископско седиште.
Отец Партениј е четиринаесетиот владика во Синодот на МПЦ-ОА.

Маркетинг

Неговата хиротонија е закажана за 12 јули годинава, на празникот на светите апостоли Петар и Павле, во храмот „Света Софија“ во Охрид.

Отец Партениј ќе биде викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија, со титула „Епископ Антаниски“ (според македонскиот античкиот град Антанија, кој бил епископско седиште), но истовремено ќе ја задржи и својата должност како игумен на Бигорскиот Манастир, каде што ќе биде и неговото постојано седиште.

Маркетинг

Како голем љубител и познавач на македонската историја и на македонското културно наследство, Архимандритот Партениј непрестајно се залага за нивна што поголема афирмација и презентација. Работи активно и на промоција на истакнати личности од нашата национална и црковна историја, како и на запазување на древни црковни и народни обичаи.

Познат како човек на мирот и на почитта кон сите луѓе, без разлика на нивната верска, етничка и социјална припадност, архимандрит Партениј ги издигна Бигорскиот манастир и манастирот во Рајчица во вистински центри на соживот во реканскиот крај од Македонија. Со својот филантропски однос кон сите, тој успеа да го направи Бигорскиот манастир силен фактор на безбедноста, стабилноста и соживотот во тој крај, така што ова светилиште стана духовно прибежиште и културна знаменитост не само за православните верници, туку и за Македонците со исламска вероисповед и за етничките Албанци од Македонија, кои имаат голем респект кон манастирот и кон неговиот игумен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button