Бившата сопруга на Кајмакоски искрено проговори за разводот и најави нешто ново
Моделот Кристина Димитриевска (23), во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ” искрено проговори за разводот со Даниел Кајмакоски.
Кајмакоски често на социјалните мрежи објавуваше фотографии заедно со семејството па веста за разводот ја изненади јавноста. Ќе излажам ако кажам дека не ми беше тешко по разводот, кога некого сакаш и нешто не успеало нормално дека ти е тешко, но се е за луѓе– вели Кристина.
Мораш самиот да имаш јака психа и да продолжиш понатаму. Беше тоа долг период на затвореност, не сакав да комуницирам со никого, поминав депресивен период, но важно е каде сме сега.
После разводот вежбањето е тоа што ме врати назад, што ми ја врати целата енергија – раскажа Димитриевска за „Бекстејџ” најавувајќи враќање на моделството и обновување на соработката со модното студио ,,Црнокрак”.Таа открива дека подготвува дуетска песна со Андреј Миске.
Кристина и Даниел имаат син, а како што неодамна изјави Даниле тие остануваат во добри односи и заедно се грижат за своето дете. Тој напомена и дека ова му е прво и последно обраќање во јавноста за оваа тема.