Бившата сопруга на Кајмакоски заведува во спотот за нејзината прва песна
Бившата сопруга на Даниел Кајмакоски, тетовчанката Кристина го покажува својот сексапил во спотот за првата песна со Андреј Миске.
Песната е наменета да ги допре малку сите заљубени, оставени, ќе излезе во септември. Покрај стасот таа плени со гласот.
По објавата од страна на медиумите дека Даниел Кајмакоски и неговата 13 години помлада сопруга Кристина Димитријевска се разделиле, манекенката постојано објавува фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа како ужива со нивниот син, малиот Давид.
Од нејзините фотографии можеме да забележиме дека не сака разделбата да и го расипе расположението, па решила да посвети време на самата себеси, но и на своето најмило.
Кристина беше една од нашите најангажирани манекенки, и редовно освојуваше титули за убавина. Таа пред да се омажи за познатиот пејач Даниел Кајмакоски, имаше активна манекенска кариера.