Бившата на Дарко Лазиќ се соблече во минијатурен костим за капење – горат социјалните мрежи!
Пејачката покажа совршено тело

Поранешната сопруга на Дарко Лазиќ, пејачката Ана Севиќ (33) направи вистински хаос на Инстаграм кога објави фотографии на кои позира во минијатурен костум за капење.
Таа е на одмор со своето момче Данијел Недељковиќ и ќерката Лорена која што ја има од бракот со пејачот Дарко.

Познато е колку добро изгледа пејачката и какво тело има, а претставниците на посилниот пол меѓу нејзините обожаватели се воодушевени секогаш кога ќе имаат чест да ја видат во костим за капење.

Таа позираше на палубата на еден брод во шик, маслинесто зелен модел на костим за капење, заземајќи провокативна поза, а откако ги објави фотографиите постојано добива комплименти на сметка на својот изглед.
„Опуштено“ – порача пејачката под фотографијата.