Бејби Лазања сите пари што ги доби ги донираше во хуманитарни цели – ваков човек ретко се раѓа
Херојски чин на Бејби Лазања заради кој ја носи титулата на вистински победник на Евровизија
Хрватскиот пејач Бејби Лазања кој го освои второто место на Евровизија, денес ја одби наградата што му беше доделена од државата Хрватска и сите пари го донираше во хуманитарни цели.
Како што пренесуваат медиумите, Бејби Лазања овие пари ги донираше за една болница, по што се огласи директорот.
Директорот на болницата му се заблагодари на Марко за донацијата, истакнувајќи дека му е драго што доаѓа од најпопуларниот Хрват на светот. „Му се заблагодарувам уште еднаш.“
„Овие пари што ги донираше ќе бидат употребени таму каде што сакаше тој, истакна Анте Чорушиќ“, директорот на болницата.
Инстаграм/ Бејби Лазања
Тој најави и дека при крај на јуни или почетокот на јули ќе се отворат и новите простории на заводот за педијатарска хематологија, онкологија и трансплантација на крвните матични клетки и дека Бејбу Лазања ќе биде повикан на свеченото отворање.
„Верувам дека на нашите пациенти ќе им ја испее Рим Тим Таги Дим“.
Инстаграм/ Бејби Лазања
Чорушиќ исто така додаде и дека 25.000 евра што ги донираше пејачот ќе бидат искористени за подобар комфор на пациентите.
„Ова ме изненади многу бидејќи доаѓа од човек кој има 28 години, но гледајќи го него и сето она што го прави во последно време…“, истакна тој,а пренесе „24сата.хр“.
Потсетуваме, Бејби Лазања по одлуката од хрватската влада да му бидат доделени 50.000 евра за освоеното второ место на Евровизија се огласи на Инстаграм, и порака дека парите нема да ги прифати, туку дека ќе ги пренасочи на оние на кои што овие средства им се попотребни.
Инстаграм/ Бејби Лазања
Тој најпрво и се заблагодари на хрватската влада, но истакна дека не може да ги прифати парите посебно што постојат многу други поединци и организации на кои овие пари далеку повеќе ќе им помогнат.
Инстаграм/ Бејби Лазања
„На овој начин го молам господинот Пленковиќ во мое име, т.е. во името на хрватската влада да донира 25.000 евра на Заводот за педијатарска онкологија и хематологија со дневната болница Младен Чепулиќ. Потоа, останатите 25.000 евра би сакал да го донирам на Заводот за педијатарска хематологија, онкологија и трансплантација на матични клетки КБЦ Загреб. Би благодарам“, напиша Марко Пуришиќ, попознат како Бејби Лазања.
БОНУС ВИДЕО