Реклама
Наши ѕвезди

Бејби искрено: Дали знаете како е да имате болно дете по дома со лекови кои чинат половина административна плата?Јас сум сингл мам и 24/7…

Реклама

Весна Бејби Петрушевска на својот профил на Фејсбук, напиша статус по повод најавата за намалување на платите на административците.

 

Маркетинг

„Падна снег и конечно малку раат. Читам многу страв од целава оваа ситуација. Природно,нормално. Има предлог да се намалеле платите. Одамна овде преживуваме,не живееме,освен оние кои направија пари со криминал. Ним ќе им е арно. Но,сакам да ве прашам нешто…знаете како е да се живее во овие услови пост хенотерапија? Имам другарка па знам…знаете како е да имате болно дете по дома со лекови кои чинат половина административна плата?(јас имам по дома таква приказна и сум сингл мам и 24/7 сум на нозе/ Сте помислиле на моментот кога нема кој да оди во продавница за вас ?

Ооо, да, и не ги оставам децата од актерската школа работам со нив онлајн неколку часа дневно…Не се плашам искрено иако можеби би требало…не верувам одамна на политичари кои немаат однос кон менталното здравје,не верувам одамна на политичари кои гледаат само за својот газ и на пратеници кои мандати преспаа и збор не изустија. Јас сум вреден човек и работам не ми е страв…политичките елити сега е моментот да си го покажете лицето и образот.На сите нас ова ни е час по освестување.“, напиша Бејби.

Маркетинг

Имено пред два дена СДСМ излезе со нови предлог мерки во прашање се околу 200 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството.Приватните фирми кои се погодени од кризата државата да обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај.

Сите функционери и раководители ќе одат на минимална плата. Пратеници, премиерот, вицепремиерите, судии и обвинители за април и мај ќе земат минимална плата. Исто така и јавната администрација и на државно и на локално ниво, истакна Заев.

Ова не се однесува на лекарите, полицијата и војниците. Подобро два месеци со минимална плата за сите отколу да нема за никој.Се предлага и запирање на Законот за извршување до крајот на јуни, одложување на кредитите, помош за медиумските работници и медиумските куќи и помош за спортистите и уметниците.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button