Реклама
Наши ѕвезди

Беше југословенскиот Ричард Гир, најголем заводник кој се ожени со внуката на Тито, а сега едвај врзува крај со крај

Реклама

Се работи за 56-годишниот хрватски театарски, ТВ и филмски актер Ранко Зидариќ кој на Академијата за драмски уметности дипломираше во 1990 година. Така стана член на драмскиот театар Гавела.

 

Маркетинг

Со Саша Броз беше во брак во 90-тите години, и со неа ја доби ќерката Сара, а во моментов е во брак со Ивана Ухлик , со која ја доби ќерката Зора.

Денеска е самостоен актер и ретко кога зборува во јавност за своите ангажмани во театарот и избегнува интервјуа.

Маркетинг

Овој актер оставари повеќе од 50 улоги на филм. Дебитираше во далечната 1988 година во познатото остварување на Зафрановиќ на филмското платно „Халоа: Празник на курвите“, заедно со актерката Неда Арнериќ. Беше познато по тоа што многумина го споредуваа со големиот заводник, холивудскиот актер Ричард Гир, па го доби прекарот „Гир на стара Југославија“. Денеска е далеку од светскиот гламур и едвај составува крај со крај живеејќи од глумата.

– Југословенски Ричард Гир… ама тоа е само шега. Ја овде не можам да бидам ни Ранко Зидариќ, а не па Ричард Гир. Работам неколку серии и цртани филмови за да можам да си купам нов велосипед, додека овие од Холивуд од хонорар прават тврдина – вели Зидариќ.

Ранко живее и работи во Шибеник и е татко на две ќерки. Постарата Сара од бракот со Саша Броз студира сликарство.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button