Реклама
Вирално

Беше херој, но од денес е божество! Пандев ја пишува историјата на македонскиот фудбал – публиката ечи од трибините!

Реклама

Горан Пандев повторно со златни букви ја пишува историјата на македонскиот фудбал

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Македонија со победата над Грузија се пласираше за прв пат на Европското првенство, и тоа најмногу благодарение на Горан Пандев.

Тогаш победивме со 1-0 а сега, на првата утакмица со Австрија, првото полувреме го завршивме 1-1 и повторно благодарение на Пандев.

Тој и претходно беше херој во нашата земја, најдобар фудбалер, но по овие голови дефинитивно ќе стане божество. Можеби ќе беше неправедно првиот гол на европското за нашата репрезентација да го даде некој друг, а сега останува уште да победиме. И ние искрено не се сомневаме во тоа.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Твитер

Македонија прв пат се пласираше на Европското првенство од осамостојувањето и првиот гол секако дека ни е најмил.

Пандев секако дека не ја пропушти шансата и во 28 минута го изедначи резултатот со Австријците.

Па големо БРАВО за него и за целиот наш тим.

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Македонијааааааа!

Легендата Горан Пандев

Пандев го има носено дресот на вкупно 8 фудбалски тима: Беласица, Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај и Џенова и по долги години игра за најдобрите италијански клубови, на 25 февруари 2019, на Пандев конечно му е издадено италијанско државјанство.

Кариерата ја започна во ФК Беласица од Струмица, а летото 2001 година, на само 18 години, е продаден на Интер од Милано за сума од 250.000 евра.

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

На 15 април 2006, Пандев во дресот на Лацио за прв пат во кариерата постигнува два гола на еден натпревар во победата со 3-1 над Ливорно.

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Најголемиот успех со Лацио, Пандев го остварува во 2009 година, кога го освојува Купот на Италија, при што со постигнатите седум голови, тој е најдобар стрелец во ова натпреварување. За Лацио, Пандев има одиграно вкупно 159 натпревари во кои постигнува 48 голови.

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button