Беше самохрана мајка, а денес е горда на својата ќерка и внукичката Клара што си ја доби од неа (фото)
Наша голема музичка ѕвезда, грижлива мајка и вистински професионалец се само некои од зборовите со кои може да се опише Сузана Спасовска.
Сузана Спасовска е една од нашите најголеми фолк-ѕвезди, но малкумина знаат каква е таа во својот приватен живот.
Иако таа често е присутна во медиумите, јавноста отсекогаш се интересирала и за повеќе детали од нејзиниот живот.
И тоа е сосем разбирливо бидејќи Сузана е една од нашите најголеми ѕвезди која на сцената е речиси цели четири децении.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
Но покрај својата успешна музичка кариера, пејачката отсекогаш важела и за грижлива мајка посветена на семејството.
Имено, зад светлото на рефлекторите таа е една жена која отсекогаш максимално била посветена на своето семејство.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
И покрај тоа што ќерката Теона ја порасна како самохрана мајка и за нејзиното растење и воспитување се грижеше сама, нешто што и самата признава не било лесно, пејачката паралелно со својата фасцинантна музичка кариера успеа да ја изведе на вистинскиот пат и својата наследничка со која денес се гордее.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
Сузана не крие дека во ова најмногу и помогнале нејзините родители, а нејзината ќерка денес е многу благодарна за сето тоа.
„Секој родител треба своето дете да го изведе на вистинскиот пат и за тоа треба многу труд, а посебно ако сте самохран родител тежината е уште поголема, бидејќи живееме во едно бурно и брзо време кога денот поминува како една минута, а работните обврски се многубројни“, вели Сузана за мајчинството.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
„Треба умешност да се организирате, а и малку помош од најблиските која јас за среќа ја имав од моите родители, па така ја пораснавме мојата ќерка и и го покажавме вистинскиот пат, за што е таа денес многу благодарна, па заедно со своето семејство и своето дете го учи да чекори по тој пат, со љубов и почитување на традиционалните вредности“, изјави познатата пејачка неодамна во нејзиното ексклузивно интервју за Гламур магазин, па го додаде и следново:
„Секој слободен момент е ден за уживање и наоѓање на сопствениот мир во душата, оддишка од обврските и враќањето на детето во мене, благодарение на внуката и целото семејство“ заклучи на крај Спасовска.
Целото интервју со Сузана прочитајте го тука…