Беше позната пејачка во Македонија, но се пресели во Австралија и стана воспитувачка – погледнете како изгледа сега (фото)
Татјана Лазаревска долги години важеше за една од најпознатите фолк пејачки во Македонија.
Но таа пред неколку години заедно со својот сопруг Новица Василевски и нивните два сина реши да се пресели во Австралија, по што поретко ја гледаме на нашата сцена. Но таа не се откажа од музиката која е нејзина најголема љубов, па така неодамна снимаше и спот за песната Инстаграм во кој изгледаше мошне провокативно.
Радијата кои пуштаат фолк музика се уште ги пуштаат нејзините хитови „Аце, Аце“ и „А бре чичо“, а како таа изгледа сега погледнете во продолжение.
Татјана е мошне активна на социјалните мрежи, а претходното австралиско лето на својот профил на Инстаграм објави и неколку фотографии на кои позираше во костим за капење. Но бидејќи летото во Австралија започнува кога кај нас е зима, нејзините обожаватели се надеваат дека Татјана повторно ќе ги изненади со неколку вакви изданија.