Реклама
Холивуд

Беше најубавата жена во Холивуд и цел свет ја сакаше – денес лицето и е деформирано. Полно е со ботокс и никој НЕ може да ја препознае

Реклама

Денес ретко кој може да ја препознае …

Мег Рајан се катапултираше меѓу најголемите ѕвезди благодарение на романтичните комедии како што се „French Kiss”, „Kate & Leopold”, „You’ve Got Mail”. Но таа во еден момент реши да се повлече од сцената бидејќи знаеше колку е суров Холивуд кон жените во одреден животен период, па одлучи да се подмлади. Но желбата засекогаш да остане млада, наместо достојно да остари, скапо ја кошташе, впрочем како и многу други жени на овој свет.

Маркетинг

Мег Рајан во средината на 90-тите беше миленичка на публиката. Симпатичната русокоса со кратка благо виткана коса каква секаше да има речиси секоја девојка, секогаш знаеше како да ја освои публиката и како да се постави во секој филмски кадар со својата препознатлива насмевка.

Маркетинг

„Премногу направи. Тоа беше шок за сите и повеќе не изгледа како Мег Рајан во која се заљубивме сите“ изјави своевремено режисерот на „Kate & Leopold”, Џејмс Манголд. А се започна со филер за усни, кои за жал, беа само почетокот. Набргу беше очигледно дека Рајан нема да се застане само на усните. „Не се само усните во прашање. И носот и е поинаков, јаготките, ботоксот е повеќе од очигледен. Луѓето не сфаќаат дека постои зависност за пластичната хирургија. Таа не е единствен пример. Обично тоа е обид да се реши некое лично незадоволство“, објаснува пластичниот хирург Марк Робери.

Нејзината кариера падна во мрак и таа во 2006 година реши да посвои девојче од Кина. Покрај синот што го има добиено со Денис Квејд во 1992 година, актерката се посвети на воспитувањето на девојчето кога веќе нејзината кариера не се движеше во светла насока.

Потоа откако сфати дека повеќе нема да добива водечки улоги во филмовите поради преголемиот број операции, започна кариера како режисер и продуцент.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button