Реклама
Холивуд

Беше најомразена дама во Обединетото кралство – Камила Паркер откри низ какви ужаси поминала поради принцезата Дајана

Реклама

Односот со принцот Чарлс Камил го започна во 1971 година и тој истата година ја запозна со некои членови на кралското семејство

Камила Паркер Боулз од најомразената личност во Обединетото Кралство стана една од најпопуларните. Денес таа е Војвотката на Корнвол, втората сопруга на принцот Чарлс, но сепак за неа велат дека е една од ретките претставнички со сина крв што се однесуваат „приземјено“.

Маркетинг

„Немам време да размислувам дали ќе станам кралица. Тоа е потполно ирелевантно за мене, живеам од денес за утре и ги извршувам моите должности. Мислам само на моето семејство “, изјави во една пригода Камила на прашањето дали размислува дека еден ден ќе биде кралица. Имено, кога Чарлс ќе стане крал, таа би требало да ја добие титулата „сопруга на монархот”, но одлучено е да ја користи „принцеза од Корнвол”. Исто како кога му стана сопруга на Чарлс не сакаше да ја користи титулата „принцезата од Велс”, бидејќи тоа претходно беше титула на Дајана.

Маркетинг

Односот со принцот Чарлс Камила го започна во 1971 година и тој истата година ја запозна со некои членови на кралското семејство. Но, сè мораше да прекине откако Чарлс се врати од служба во морнарицата.

Не беше јасно зошто нивната врска пукна, иако некои извори тврдат дека нивниот брак во тоа време не бил возможен. Кралското семејство не сметаше дека Камила е доволно добра за да биде сопруга на идниот крал. Па така Камила се омажи со Ендрју Паркер Булс, а Чарлс се ожени со Дијана Спенсер во 1981 година. Сепак, наскоро ја обнови и својата врска со Камила. Нејзиниот сопруг, наводно, го благословил нивниот однос, бидејќи и тој самиот се гледал со други жени. Со години, нивната љубов била јавна тајна во Велика Британија, но принцезата Дајана прв пат сé изнесе во јавноста со нејзината автобиографија што ја издаде во 1992 година.

Следната година, интимни телефонски разговори помеѓу Камила и Чарлс се појавија во таблоидите. Потоа Чарлс призна дека ја обновија нивната врска во 1986 година, кога неговиот брак и Дијана е веќе „непоправливо разрушен.” Јавноста потоа ја осуди Камила заради нивниот однос.

„Практично една година не ја напуштив куќата. Се плашев од омразата на јавноста и таблоидите кои ме чекаа насекаде. Не можев да одам никаде. Времето го кратев со читање и учење да сликам. Децата ме извадија – тие се однесуваа како ништо да не се случило “, изјави Камила за „Дејли мејл “. Со Паркер Боулс има две деца, синот Томас и ќерката Лаура.

„Тоа беше страшно. Не би го посакала тоа дури и на најголемиот мој непријател. Моите деца секојдневно ги броеја фоторепортерите пред мојата куќа, кои се криеја во грмушките”, изјави во една пригода Камила.

По признавањето на нивната врска, тие првпат заедно се појавија во 1999 година за роденден на еден нивен заеднички пријател. Тимот за односи со јавноста на Чарлс имаше напорната работа пред себе – осветлување на образот на Камила. Таа требаше да ги натера луѓето да ја засакаат. Една година подоцна, таа го следела Чарлс на службено патување во Шкотска, а во 2001 година официјално се сретна со кралицата Елизабета Втора. Тоа беше знак дека ја поддржува нивната врска. Наскоро почнаа да живеат заедно, и според истражувањето од 2005 година, анкетите покажаа дека повеќето Британци го поддржуваат нивниот брак. Тие се венчаа на 8 април истата година во замокот Виндзор. Нивната дозвола за цивилна свадбата би требало да ја даде на кралицата, Црквата на Англија и владата, бидејќи и двајцата беа разведени, и Чарлс како крал ќе биде и поглавар на Црквата.

Камила вели дека за живот во кралското семејство неопходно е да се има силен карактер.„Јас сум воспитувана никогаш не се жалам и никогаш да не се правдам. Не жали, само направи го она што мораш “, вели Камила, која годишно има повеќе од 200 официјални настапи во јавноста со принцот или не, и е еден од најактивните членови на кралското семејство.

„Понекогаш се будите наутро и мислите дека едноставно не можете. Но, едноставно мораш. Веднаш штом ќе почнете со овој луд распоред, ќе се издувате како балон, и само ќе паднете од замор. Мислам дека сите живееме на адреналин. Но, ако сте позитивна личност, можете да направите многу работи. Јас секогаш сум оптимист. Мораш да продолжиш. Тоа е британскиот стил на живот“ заклучува Камила.

Слободно време најмногу сака да го минува во читање скандинавски криминалистички приказни или гледање слични телевизиски серии, многу време минува со своите кучиња Бет и Блубел. „Ако некогаш станам препотентна, моите пријатели се тука да ме приземјат. Тие секогаш ми кажуваат да не бидам толку проклето занесена“, вели Камила.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button