Во 90-тите важеше за еден од најголемите фраери во Холивуд
Џош Хартнет на многу девојките кои беа тинејџерки во деведесеттите години им беше симбол за холивудски фраер и многумина од нив имаа постери со него на ѕидовите во своите детски соби. Но по неколку големи улоги што го прославија, Хартнет целосно исчезна од филмската индустрија и многу ретко се појавува во јавноста.
Тој денес има 40 години, но неговиот лик не се променил многу од неговите најславни денкови. Тој постигна статус на холивудска ѕвезда откако се појави во култниот Перл Харбор, а подоцна и во „Падот на црниот јастреб“. По овие две генијални улоги, тој реши да се врати дома во Минесота и ги отфрли повеќето улоги што му беа понудени.
Се ожени со Тамсин Егертон во 2012 година. Со неа има две деца, но поради фактот дека ја кријат својата приватност, не е позната ни возраста ни името на нивните деца.
Заедно со својата убава сопру поранешниот холивудски актер се појави на свечената вечера со припадниците на британското кралско семејство и насмеан се поздрави со принцот Чарл. На истиот настан присуствуваа и Џорџ и Амал Клуни, а како изгледаше таа, погледнете тука.