Реклама
Наши ѕвезди

Беше и остана дама – исплива стара фотографија од сопругата на поранешниот премиер, не сте ја виделе во ова издание!

Реклама

Таа беше една од највпечатливите дами меѓу сопругите на нашите политичари …

Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски

Маркетинг

Љубчо Георгиевски отсекогаш знаел како да ја бранува македонската јавност и да привлече внимание, а неговата сопруга отсекогаш важела за една од најубавите сопруги на политичарите.

Деновиве исплива стара фотографија од Љубчо Георгиевски и неговата убава сопруга Снежана со која се во брак веќе три децении.

Фотографиите се направени за време нa прославата на Илинденското востание во Крушево, а Снежана облечена во костим и шапка во беж боја изгледа како вистинска дама, во сцени како од некој холивудски филм.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски
Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски

Нивната љубов трае веќе 30 години, а минатата година се шпекулираше дека се разведуваат, но веста ја демантираше Снежана.

Таа тогаш прозборува за нивниот наводен развод и за порталот Галама потврди дека меѓу нив сè уште гори „библиска љубов која планини поместува“.

Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски

Љубчо Георгиевски отсекогаш важел за контроверзен политичар. Тој е еден од првите основачи на ВМРО-ДПМНЕ и човек кој долги години беше еден од омилените политичари за најголемиот дел од симпатизерите на десницата. Неговите контроверзни ставови како тогаш, така и денес предизвикуваат интерес кај македонската јавност, иако по внатрепартиските поделби од 2004 откако по поразот реши да се повлече од политиката, и го најави доаѓањето на новиот „месија“, Никола Груевски, голем дел од неговите поддржувачи се свртеа против него, и тоа благодарение токму на Груевски.

Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски

На конгресот во Охрид во мај 2003 година кога го прашаа зошто го избра Никола Груевски, тој одговори: „Никола нема харизма, но е менаџер-технократ, а токму таков ќе и треба на Македонија во следниот период“.

Само две години подоцна, војводата е исфрлен од неговата матична партија, а денес самиот не се срами да признае дека Груевски е негово промашување.

Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски

Покрај Бранко Црвенковски, Љубчо важи за еден од најхаризматичните лидери во Македонија, а еве како изгледаше брачниот пар Георгиевски некогаш и сега:

Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски
Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски
Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски
Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски
Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски
Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски
Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски
Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски

Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски

Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски

Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски

Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски

Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button