Реклама
Celebrity

Беше една од најубавите жени на сите времиња – класичниот шарм и природниот изглед беа нејзиното моќно тајно оружје!

Реклама

Одри Хепберн е повеќе од актерска дива која е позната на пошироката јавност како нежна, грациозна, префинета дама која се прослави со филмовите „Одмор во Рим“, „Појадок кај Тифани“ и слични улоги.

И зад елегантната надворешност на холивудската sвезда се криеше посебна личност која и покрај аристократското потекло, најмногу се грижеше за благосостојбата на другите.

Маркетинг

Одри Хепберн е родена на 4 мај 1929 година во швајцарскиот град Толохеназ во културно мешано семејство. Нејзиниот татко Џозеф Виктор Ентони Рустон беше  ирски банкар, а нејзината мајка Ел ван Хемстра холандска бароница со корени од француската и англиската аристократија.

Маркетинг

Таа исто така имала двајца полубраќа кои ги родила нејзината мајка во првиот брак со холандски благородник.

Нејзините родители се разведоа кога таа имаше само шест години, па таа се пресели со нејзината мајка во Холандија, каде што првично посетуваше приватно училиште. Но, кога започна Втората светска војна, целата земја беше уништена и повеќето луѓе западнаа во голема сиромаштија.

Луѓето гладуваа и умираа од студот, а тешките времиња не го заобиколија ниту семејството на Одри.

Таа танцуваше балет и со своите настапи собраше пари за движењето на отпорот против нацистите.

Иако беше многу талентирана, сепак нејзината иднна како балерина не успеа поради тоа што со 170 сантиметри била превисока за професионална балерина.

По војната, Одри се преселила со нејзината мајка во Лондон, каде работела како модел и започнала да добива помали улоги во актерството.

Иако беше позната по својата грациозна убавина, таа зборуваше за неа многу скромно.

Филмското деби го имала како Принцезата Ен во Празник во Рим од 1953 година, улога за која го добила својот единствен „Оскар“. Таа била една од најпознатите глумици во Холивуд во текот на 1950-тите и 1960-тите, период во кој уште четири пати била номинирана за „Оскар“.

Меѓу номинациите, особено се истакнува нејзината антологиска изведба на Холи Голајтли (Holly Golightly) во филмот Појадок кај Тифани од 1961 година. Во 1964 година, Хепберн ја играла Елајза Дулитл (Eliza Doolittle) во филмот Мојата убава дама, кој претставува адаптација на Шоовата драма Пигмалион.

Од 1988 до нејзината смр т во 1993 година, Одри Хепберн била Амбасадор на Добрата Волја при УНИЦЕФ и била наградена со Претседателскиот Медал на Слободата (највисокото признание што може да го добие еден граѓанин на САД) во чест на нејзината хуманитарна работа.

Во 1999 година, таа била прогласена за третата најголема глумица на сите времиња, според Американскиот Филмски Институт во нивниот список АФИ 100 години… 100 ѕвезди.

Во раните 1950-ти, Одри била свршена за младиот Џејмс Хенсон. Подоцна, оваа врска Одри ја нарекла љубов на прв поглед, но, иако бил направен свадбениот фустан и бил закажан денот на свадбата, свршувачката била раскината, бидејќи Хепберн одлучила дека поради професионалните обврски кои би ги оддалечувале неа и Џејмс долг период, бракот нема да успее. Хепберн го подарила својот фустан на една сиромашна италијанска двојка која го поседува и ден-денес.

Хепберн се венчала двапати: за американскиот глумец Мел Ферер и за италијанскиот доктор Андреа Доти, и од двајцата имала по еден син: Шон, роден во 1960 година од бракот со Ферер и Лука, роден во 1970 од бракот со Доти.

Хепберн го запознала Мел Ферер на забава чиј домаќин бил Грегори Пек. претходно, таа го забележала Мел во филмот Лили и била воодушевена од неговата изведба. Ферер подоцна ѝ го испратил сценариото за драмата Ундина и Хепберн со задоволство се согласила да учествува.

Пробите почнале да се одржуваат во јануари 1954 година, а Хепберн и Ферер се венчале на 24 септември истата година. Хепберн велела дека се неразделиви и среќни, без разлика на честите озборувања, кои тврделе дека нивниот брак нема да трае. Сепак, и самата признала дека Мел имал тежок темперамент. На пример, се зборувало дека Ферер ја контролира Одри и дека бил нејзин Свенгали. Во таа смисла, еднаш Вилијам Холден рекол: „Мислам дека Одри му дозволува на Мел да мисли дека ја контролира.“

Пред да ѝ се роди првото дете, Хепберн двапати имала спонтан абортус, од кои првиот во март 1955 година. Во 1959 година, за време на снимањето на филмот Непростено, Одри си го скршила грбот откако паднала од коњ.

Неколку недели минала во болница, а подоцна имала уште еден спонтан абортус, предизвикан од физички и ментален стрес.

Одри почи-на на 20 јануари 1993 годна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button