Реклама
Наши ѕвезди

Беше една од најпознатите и најубавите пејачки во Југославија – ја изгуби битката од тешка болест, а ја обожаваа и Тито и Фидел Кастро

Реклама

Пејачката Уснија Реџепова беше надалеку позната по својата убавина и талент, а ја обожаваа и Тито и Фидел Кастро

Пејачката во едно интервју од 2011 година раскажа како настапила на Бриони пред Јосип Броз Тито и неговиот тогашен гостин, Фидел Касро.

Маркетинг

Кастро беше на гости кај Тито на Бриони, а мојот настап беше дел од посебниот програм за кубанскиот претседател.

Но кабелот од микрофонот беше прекраток, па не можев многу да се движам. Морав да стојам сред сала и тука играв и пеев. Набргу потоа, Кастро го зеде столот на кој седеше и тргна кон мене, а со него и Тито, а потоа и сите останати во салата, раскажа своевремено познатата пејачка.

Маркетинг

Кастро дојде до мене и неколку пати бараше да излезам на бис. Подоцна на коктелот, Тито неколку пати во шега рече „како тргна, ќе останеме без Уснија“…

Претседателот на Куба неколку пати ми кажа дека сум убава жена и дека би му била чест да бидам негова гостинка на Куба, изјави таа. Ми кажа Вашиот темперамент е магичен. Заради тоа се засрамив и одвај чекав да заврши настанот, кажа своевремено легендата на југословенската музика.

Таа својата голема популарност ја стекна со улогата на Коштана во истоимената претстава, која настана по делото на Борислав Станковиќ. Претставата на репертоарот во Народниот театар во Белград беше полни 25 години, а Уснија ја одигра Коштана повеќе од 150 пати.

Популарната пејачка во 2015 ја изгуби битката од тешката болест, на 69 годишна возраст.

Кралицата на ромската музика, Есма Реџепова, во една пригода за медиумите изјави дека Уснија и била како сестра.

„Во Скопје ја одведов кај најдобрите доктори, кои ги испратија нејзините резултати во Германија за да видат дали постои шанса за лекување. Многу плачев кога ми кажаа дека повеќе ништо не може да се направи. Уснија тоа многу храбро го поднесе, ме тешеше и ми зборуваше дека ќе оздрави. Кога доаѓав во Белград, бев сместена во хотелот Москва, бидејќи таму многу ми се допаѓа. Но таа не ми дозволуваше да бидам во хотелот, секогаш ќе дојдеше по мене и ќе ме однесеше кај неа“, изјави своевремено кралицата на ромската музика.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button