Беше една од нашите најдобри актерки, но прерано не НАПУШТИ – нејзината смрт беше шок за сите нас
Трагичната судбина на Билјана Беличанец
Беше една од нашите најдобри актерки
Македонската актерка Билјана Беличанец студиите на Факултетот за драмски уметности во Скопје ги заврши во 1994 година, како најмлад глумец и истата година се вратови во Народниот театар Војдан Чернодрински во Прилеп. Таа во овој театар воглавно ќе ги игра главните улоги, а по три години преминува во Драмскиот театар Скопје каде што живее до нејзината смрт.
Таа е родена на 25 јули 1973 година во Скопје, а почина на 6 април 2019, кога беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Скопје.
Билјана важеше за една од најдобрите македонски актерки, а нејзиниот татко беше познатиот македонски водител на манифестации Симон Беличанец.
Покрај бројните претстави, се има појавено во голем број филмски остварувања и телевизиски серии, а остана запаметена и по улогата на Туфи во култната македонска детска емисија „Здраво, генијалци“.
Покрај глумата, Блијана се занимаваше и со синхронизација на серии од турски јазик на македонски, а меѓу нив и на ликот на Хурем Султан во турската серија „Сулејман Величествениот“.
Последното интервју со Билјана
Таа се проба и во политичките води. Како кадар на ВМРО-ДПМНЕ од 2013 до 2017 беше градоначалничка на Кисела Вода.
По нејзината смрт бројни нејзини колеги јавно се збогуваа од неа и ја споредија со трагичните антички хероини, а македонскиот писател Венко Андоновски, ќе напише песна која што ќе ја посвети на неа.
Лизгање од сплавот (на Билјана Беличанец)
Пловеше со нас на сплавот
на очајот, занесот и стравот,
од кој секој ден понекој паѓа
во црниот вир, смртта кај се раѓа.
Пловеше и ти на сплавот,
камена, а стаклена и дребна.
На сплавот на гревот и срамот,
полн омраза, завист и пизма.
Ти не пловиш веќе, но знаеме сите:
ти не умре Бибе, ти само се лизна.
6 април 2019, Венко Андоновски