Беше вистинска „Ѕвезда на Гранд“, но поради приватните снимки што се појавија на интернет реши да се повлече од сцената…
И таа премина во таборот на русокосите
Порано беше црнка во впечатливи сини очи. Важеше за една од најатрактивните натпреварувачки во „Ѕвездите на Гранд“, но додека траеше снимањето на емисијата и’ се случи една многу непријатна ситуација.
Нејзиното поранешно момче од освета пушти експлицитни заеднички снимки на интернет, а Сања Стојановиќ целиот притисок го поднесе стоечки. Таа влезе во финалето, но подоцна се оствари во улога на мајка и откако се породи реши некое време да се повлече од јавниот живот.
Сања учествуваше и во шоуто „Фарма“, но потоа направи цели седум години дискографска и медиумска пауза.
Но овој пат таа реши да се врати. И повторно ги воодушеви сите. Таа објави нова песна која можете да ја видите во продолжение.
Од нејзиното најново видео можеме да видике дека Сања сега е русокоса и дека се уште изгледа неодоливо.
„Не бев спремна да се носам со тие работи во тој момент. Сега не ми е проблем за тоа и нешто да кажам, прокоментирам, но тоа тогаш за мене беше невозможно. Тогаш имав само 20 години. Незрелоста и неискуството го направи своето, а сега, со 30 и кусур, поинаку размислувам“, изјави пред неколку месеци Сања за „Еспресо“.
Таа зборуваше и за нејзината постара ќерка, која има 12 години и со која наскоро планира да позборува на оваа тема.
„Мислам дека е време да го направам овој разговор со неа“, изјави во своето интервју Сања.