Реклама
Наши ѕвезди

Беше весело во домот на Панчев – ќерките Надица и Марија споделија преубава вест, ептен го израдуваа

Тие се неговото најголемо богатство

Реклама

Македонската легенда, Дарко Панчев, го прослави својот роденден, а најубавите честитки ги доби од своите наследнички.

Имено, Надица и Марија, и двете веќе полнолетни девојки, го изненадија својот татко и со пораките со кои му го честитаа овој ден.

Дарко роденденска честитка доби и од својата сакана сопруга, пејачката Маја Гроздановска Панчева, која објави фотографија со Дарко како ја држи својата златна копачка во рацете, а врз истата напиша:

Маркетинг

Инстаграм

„Среќен роденден, дуде мој“ напиша таа.

Маркетинг

Потсетуваме, поранешниот фудбалер на „Црвена ѕвезда“ златната копачка ја доби како награда за најдобар стрелец во Европа за сезона 1990/91. Панчев тогаш постигна 37 голови, но наградата тогаш му ја оспори Фудбалскиот сојуз на Кипар, кој тврдеше дека нивниот играч наводно постигнал 40 голови.

Инстаграм

Подоцна ова тврдење на кипарскиот Сојуз го оспори францускиот спортски лист „Екип“ што и ја доделува Златната копачка.

Инстаграм

Кандидатот за претседател на Европската фудбалска федерација, Французот Мишел Платини, при доделувањето на Златната копачка во Скопје, изјави дека му е тешко да на даде наградата на фудбалер што со својата екипа го победил неговиот Олимпик.

„Шегата на страна, наградата, иако со задоцнување, оди во вистинските раце“, изјави тогаш Платини за Панчев.

Инстаграм

На доделувањето беше и тогашниот претседател на Црвена ѕвезда, Драган Стојковиќ, како и главниот уредник на францускиот „Екип“ што ја доделува копачката, Жан Филип Леклер.

Инстаграм

Панчев кој сега наполни 59 години, престана да игра професионален фудбал 1997 година. Кариерата ја започна во Вардар, а во 1988 година премина во Црвена ѕвезда за која во четири години постигна 84 голови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button