Реклама
Кафе муабет

Бесплатна храна за медицинскиот персонал – познатиот бренд за брза храна ќе отвори два ресторани

Реклама

Два ресторани за брза храна во Манчестер и покрај широко распространетиот коронавирус и трагичниот биланс врз популацијата во Велика Британија, одлучија повторно да отворат, но ќе работат само со достава, меѓудругото и на бесплатни оброци на вработените во Националната здравствена служба.

Рестораните на КФЦ во две предградија на Манчестер работат со најмал број на вработеите потребни за да функционира процесот, иако шефовите на компанијата ширум светот целосно ги затворија сите објекти.

Ваквата одлука е донесена и покрај тоа што Велика Британија е ставена во изолација, а веројатно е дека и конкурентската компанија Мекдоналдс ќе го направи истото, иако најпрво ја ограничија својата работа на драјв -тру објектите.

Маркетинг

Портпаролот на КФЦ претходно изјави дека затворањето би требало „да помогне во заштита на здравјето на вработените и гостите“.

Поради веќе видените глетки како Британците одат на плажа и масовно се собираат и покрај советите на владата со социјална дистанца, премиерот Борис Џонсон одлучи целата земја да ја стави во карантин.

Маркетинг

-Ова не е одлука која лесно ја прифаќаме, но секако е во интерес како на нашите одлични тимови, така и на фановите на нашето пилешко“, рекоа од КФЦ.

Сепак, два ресторани воМанчестер повторно се отворени со ограничено мени.

„Во текот на минатата недела, го отворивме ресторан Дингејт и во Хулми. Ти вршат само достава и служат одреден дел од менито. Бидејќи работата само неколку вработени, со новите процедури кои ги воведовме ги следиме мерките на социјално дистанцирање. И натаму постои потреба за достапна храна, така што ние сакаме да го одработиме својот дел“, рече портпаролот на овој ланец на брза храна.

Исто така од оваа компанија рекоа дека донираат стотици оброци од двата ресторани на оние кои се првата линија на одбраната од коронавирусот, вклучувајќи ги вработените во британското јавно здравство НХС како и останатите клучни работници, во партнерство со доставувачката куќа Деливеру (Deliveroo).

Не е познато дали и останатите продавници во Велика Британија повторно ќе бидат отворени, а ваквата постапка на ланците за брза храна наиде на воодушевување на многу луѓе на социјалните мрежи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button