Реклама
Новости

Бесна мајка објави фотографија од ужинката на син ѝ во училиште: Поради ова секој ден е гладен

Реклама

Изреволтирана мајка сподели фотографија од ужинката која нејзиниот 10-годишен син ја добил, поради која како што вели, тој си доаѓа дома гладен.

ФОТО: Принтскрин

43-годишната Лин Пенгели го фотографирала бесплатниот училишен оброк што му бил обезбеден на синот Џош во основното училиште Милбрук во Њупорт. На фотографијата се гледа скромно јадење од зелка, компири и моркови со малку сос.

Таа открила дека порциите се премали откако еден ден го земала Џош порано од училиште.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

Мајката својата загриженост ја искажала кај наставниците и рекла дека ваков оброк едвај ќе најаде дете во петто одделение.

„На мојот син не му беше добро, па отидов да го земам од училиште и му дадоа ручек да јаде, а јас бев шокирана од тоа колку малку има“, рече таа.

ФОТО: Принтскрин

„Тој постојано велеше дека порциите се многу мали и дека е прегладнет кога доаѓа од училиште”.

Маркетинг

„Мојот син добива бесплатни школски оброци, но ме чини дополнителни пари да излезам и да купам работи за спакувани ручеци затоа што е многу гладен“.

ФОТО: Принтскрин

Мајката додала: „Откако го земав од училиште, морав да почнам да му подготвуцам повеќе храна бидејќи порциите и понатаму се мали и тој е гладен, па не можам да замислам како се чувствува секој ден на училиште”.

Г-ѓа Пенгели рекла дека оттогаш ја изразила својата загриженост пред вработените во училиштето – при што еден наставник рекол дека ќе го разгледа проблемот заедно со градскиот совет на Њупорт.

ФОТО: Принтскрин

Портпаролот на основното училиште Милбрук и Градскиот совет на Њупорт изјави за MailOnline: „Сите училишни оброци обезбедени од договорената угостителска компанија на Градскиот совет на Њупорт треба да ги исполнуваат стандардите за квалитет на велшката влада”.

„Тие се хранливи, свежо зготвени и секој може да си ги дозволи. Жал ни е што овој родител смета дека овој оброк, кој вклучува и пудинг, е недоволен, но ја повикуваме да ги изнесе своите грижи директно до училиштето” .

ФОТО: Принтскрин

Поврзано

Back to top button