Бескрајно ја сакам Македонија – порачува Сања Барби по големиот скандал со нашинците од Австралија
По Гавазова и Барби распали по оние што ја хејтаат заради настапот во Пеленица организиран од СДСМ
Еве што им порача Сања Барби на оние што ја напаѓаат
И пејачката Сања Цинцева, попозната како Сања Бари, се огласи во врска со прославата за празникот 8. Септември
Имено, Сања беше една од учесничките на прославата на Денот на независноста на Македонија во Пеленица, прослава која што беше организирана од општинската организација на СДСМ Кисела Вода и која предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.
Пејачката како и останатите нејзини колеги што настапија беа мета на вербални напади од страна на поединци и некои наши здруженија од дијаспората (повеќе за ова види тука), кои преку социјалните мрежи им се заканија дека ќе ги бојкотираат нивните гостувања и дека не се посакувани во земјите во кои што живеат.
Плакатот што предизвика хаос на социјалните мрежи заради кој голем дел од музичарите се откажаа од настапот
Скандалот продолжува и веќе повеќе од цела недела на социјалните мрежи се води вистинска воја меѓу оние што ги критикуваат нашите музичари што за Денот на независноста на Македонија гостувале на настан организиран од СДСМ, од една страна, и оние кои им даваат поддршка на Сања и нејзините колеги.
Пејачот Јордан Митев прв се откажа од настапот
По ваквите закани и недолични коментари, најпрво се огласи Сузана Гавазова која преку Фејсбук им порача на оние што ја критикуваат дека не им се плаши и дека народот ја сака.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
„Ниту сум ја предала Македонија ниту сум ја украла, тој што ја предал нека му ја мисли, а тој што ја украл, рацете да му се исушат“, напиша Гавазова на својот Фејсбук додавајќи дека е срамота што на ваков нецивилизиран начин навредуваат првенствено жени, но и пејачи кои го дале цел живот за македонската песна.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
По обраќањето на Гавазова која предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, и пејачката Сања Барби се огласи.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Таа нагласи дека како уметница, но и како личност, не ги дели луѓето по партиска припадност, ниту пак по било која друга основа.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Јас сум уметник кој познава само љубители на македонската музика, на моите песни и сум силен противник музиката, песните, да им “припаѓаат” на било која партија! Песната им припаѓа на граѓаните, вели таа во своето обраќање, а потоа се потсети и на зборовите на песната испеана од Ефто Пупиноски и Блага Петреска.
Фото: Фејсбук/ Сања Цинцева
„Јас точно знам која сум! Јас сум естраден уметник кој бескрајно ја сака Македонија, земјата во која сум се родила, растела и во која творам!
И токму затоа, ова мое обраќање ќе го завршам со зборовите на големите Блага и Ефто кои треба сите да не потсетат дека “Песната е да се слуша, срце да ти опива, песната е да те гушне, рани да ти измива!
Фото: Фејсбук/ Сања Цинцева
Песната е да те роди, да те умре пустата!” напиша таа и им се заблагодари за вниманието на своите фанови.
Целото обраќање на Барби прочитајте го во продолжение: