Берта Додевска ги покажа стомачните во бикини – и во петтата деценија изгледа неверојатно
На водителката убавото тело и е заштитен знак
Нашата позната водителка Берта Додевска изгледа толку добро што многу помлади девојки можат да и завидуваат.
Берта објави неколку фотографии на нејзиниот профил на социјалните мрежи на кои позира во костими за капење, а во центарот на вниманието е нејзиното тело на кое не можете да пронајдете ниту една мана.
Од фотографијата на која позира во костим за капење можеме да забележиме дека нема ни грам вишок и дека е во беспрекорна форма. Во прашање е дводелен модел со кој атрактивната водителка максимално ја истакна својата витка линија, а во описот на фотографијата напиша:
„Па, кој е кралица на островите и регионот?“
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии што Берта ги има објавено на својот профил на социјалните мрежи, а на кои во преден план е нејзиното витко тело.