Реклама
CelebrityНаши ѕвезди

Белов се вери, објави фотографија од прстенот со кој ја запроси саканата Јелена

Реклама

Александар Белов е во романтична врска со Србинката Јелена.

Фото: Истаграм

Маркетинг

Поради Јелена, тој се пресели во нејзиниот роден град, Крагуевац. 32-годишниот објави фотографија на која Јелена носи свршенички прстен. Тие заедно во август прославија 6 години во врска. „Само е една вистинска среќа во животот… Да сакаш и да бидеш сакан… Јас ја имам таа среќа веќе 1827 дена… Ти благодарам Јелена Станоковиќ“, неодамна напиша Белов.

Маркетинг

Фото: Истаграм

„За да живеам, ми треба срце. За да имам срце, ми треба среќа. А за да имам среќа, потребна ми си само ти!!! Среќна годишнина“ – напиша на српски Белов во описот на фотографиите. Белов беше дел од Операција Триумф  шоу на музички таленти кое се одржуваше во Белград, Србија, а се прикажуваше во земијте на поранешна Југославија.

Шоуто всушност беше базирано на познатото шоу Академија на ѕвезди (Star Academy). На шоуто учествуваа учесници од 5 држави од поранешна Југославија, покрај Србија учествуваа, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора. Шоуто се прикажуваше на 6 различни телевизии во овие пет држави.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button