Беквалац на црвениот килим во високи потпетици во кои НЕ можеме да престанеме да гледаме
Наташа Беквалац на годинешното доделување на „MAC“ ја доби наградата за најдобро видео за песната „Дојди кај мама“.
Новосадската Барбика се појави на престижното доделување на „Music Awards Ceremony (MAC 2020)“. Таа минатата година со својот спектакуларен настап го одбележа овој настан, а овој пат си замина со наградата за најдобро видео и уживаше во настапите на своите колеги и колешки.
Пејачката носеше фустан во портокалова боја и со широк крој со големина на сако, со нагласено едно раме на кое се наоѓаше цвет. На нозете носеше мрежести чорапи, како и сандали со панделка во боја на фустанот.
Пејачката се подготвува за својот солистички концерт „СОС за љубов“, во белградската арена, закажан за 14 февруари, на Денот на вљубените, а откри и дека нејзината постара наследничка Хана ќе биде на концертот.
„Катја има две години, така што тешко, таа во тоа време спие. Но Хана ќе дојде“, изјави Беквалац за српскиот портал „Телеграф“ на прашањето дали нејзините наследнички ќе уживаат на концертот на нивната мајка.
Пејачката откри и дека нејзината помлада ќерка се уште не е свесна дека мајка и е пејачка.