Реклама
Новости

Бекам се гушка со кучето, но овој неочекуван детаљ ги скара обожавателите – „Колку се тие себични луѓе!“

Реклама

Откако Викторија Бекам на Инстаграм објави преслатка фотографија со нејзиниот сопруг, коментарите не стивнуваат.

Имено, таа пред неколку дена на нејзиниот профил објави смешна фотографија на која Дејвид Бекам спие на каучот и во рацете го држи нивното куче Оливе. „Попладневна дремка со тато“ напиша познатата британска дизајнерка под фотографијата која за брзо време собра преку еден милион лајкови на оваа популарна социјална мрежа.

Маркетинг

Но вниманието на бројните обожаватели од целиот свет најмногу го привлече ќебенцето со кое поранешниот фудбалер го покри кучето. Имено, станува збор за дизајнерско парче од Луј Витон, кое се продава по цена од 6.000 долари. На многумина не им се допадна тоа што кученце има ќебенце што многу луѓе не можат да си ги дозволат.

https://www.instagram.com/p/BsisbOVgZZK/?utm_source=ig_embed

 

„Оф, Луј Витон ќебе за овој среќен пес”, „Ќебенце од шест илјади долари. Тие пари можеа да спасат многу животи. Ова куче веројатно ова семејство го гледа само 20 недели од годината, бидејќи тие цело време на пат. Заебана, себични луѓе”, „Ова ќебе чини повеќе од логото за мојата куќа”, “Ова куче живее подобро од мене”, „LV ќебе за кучето, тие не се грижат за другите”, „Ова ќебе е поскапо од целиот мојот живот?”, беа некои од коментари.

Други пак го бранеа со аргументот дека Бекамови имаат право да ги трошат своите пари на што сакаат.

„Ако тие имаат пари за LV ќебе, зошто кучето да не биде завиткано со такво. Прво, сетете се само колку оваа фамилија дава пари во добротворни цели, а потоа се жалите дека не можете да си дозволите такво ќебе”, „Толку многу љубомора поради едно ќебе. Ова е шик фотографија и не е важно колку скапи се работите околу нив, тие работат напорно и заслужуваат да го имаат тоа“, „ Па мора на нешто да ги потрошат нивните пари“ пишуваат тие.

„Кучето е среќно бидејќи има сопственик што го сака. Кога ја видов оваа фотографија, веднаш помислив на љубов. Многу ми е гајле за ќебето, само би сакала секое куче да има сопственик што ќе му пружи љубов, дом и сигурност, како на оваа фотографијата“, заклучи една обожавателка.

Поврзано

Back to top button