Без грам шминка и во чевли од 1000 евра – ќе се воодушевите од ова БЕСПРЕКОРНО ИЗДАНИЕ на сопругата на Новак Ѓоковиќ

Најновото издание на Јелена Ѓоковиќ, сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ никого не остави рамнодушен.

Таа овој пат позираше во бело издание зачинето со црвени детали, а во центарот на вниманието беа нејзините чевли.
Таа заедно со својот сопруг и децата престојува во Лондон, а ова нејзино издание привлече големо внимание.
Таа овој пат носеше тесни бели панталони со малку пократки ногавици, и обична бела маичка. Преку маичката носеше префрлена црвена блуска, а целото издание го заокружи со црвените стејтмент чевли.

Во прашање се едноставни мокасини во страсна црвена боја кои се идеални за топлите летни денови.

Тие се со потписот на еден познат дизајнерски бренд и за нив Јелена издвои 1000 евра, пишуваат медиумите.
Таа целото издание го потполни со практична голема чанта во крем нијанса, додека нејзината коса и беше виткана во ситни локни.

Во прашање е нешто полежерно дневно издание со кое госпоѓа Ѓоковиќ не носеше шминка, па сите ги воодушеви со природниот изглед.

Јелена деновиве на својот профил на Инстаграм сподели и едно стори преку кое можевме да видиме како ужива со својата сестра Марија Ристиќ и братот на Новак, Марко. Тие тројцата уживаа додека се возат со кабриолетот, а повеќе од очигледно е дека се во феноменално расположение.




„Сеќавање на мојот омилен концерт во автомобил. Ова секогаш може да ми донесе насмевки. Беше многу убав ден, лудо си поминавме“, напиша тогаш под објавата сопругата на познатиот тенисер.

Бонус галерија

Тренди мокасини за ова лето

Gucci

Roger Vivier

Christian Louboutin

Gucci

Tod’s

Gucci

Zara

H&M

Zara

Arket

Marks and Spencer

Mango

Stradivarius

Mango

Zara

Pull and Bear

Mango

Steve Maden




