Реклама
Наши ѕвезди

БЕГАЈ БЕ ЛУЗЕР ЕДЕН: „Шамар“ од рандом мајка за глумецот Тасевски, еве што му се случило

И реков: Немојте на сила ако нејќе, контра ефект му правите, тој и онака не го сака тој спорт, вака уште ќе го замрази.

Реклама

Глумецот Сашо Тасевски, е познат по тоа што јасвно сака да критикува. Тој често споделува статуси на својот фејсбук-профил и сака да го истакне своето јавно мислење како за политички, но и за општесвени теми.

Не ретко тој ќе напише и по некоја ситуација што му се случила во секојдневието . Случката ќе ја сподели со своите пријатели на социјалните мрежи со цел да испрати порака.

Овој пат тоа што му се случило не е ни малку пријатно.

Маркетинг

Тасевски раскажува како случајно наишол на некоја мајка која го тегнела детето, па очигледно тоа му привлекло внимание да забележи што се случува. Детето барало да отсуствува од час по тенис, но мајката инсистирала нејзиниот син да стане Ноле.

Маркетинг

Во продолжение еве што се случило:

Малку го влече детево. Детето кочи, се трга: Мамо ма нејќам денес на тенис!
Мораш, гледаш Ноле, еден тренинг нема пропуштено!
Сакаш да бидеш како Ноле, така?
Малиов стар околу седум осум години, вреска…
Не додржав…
И реков: Немојте на сила ако нејќе, контра ефект му правите, тој и онака не го сака тој спорт, вака уште ќе го замрази.
Ме погледна, ме позна, таков презир и гадење во нејзиниот поглед немам доживеано, ко да сум и убил цело семејство, а не се знаеме лично: Бегај бе лузер еден!
Може сум и лузер, ама, штета за малиот таа што му е мајка. Или ќе стане едиповец врзан за неа или ќе тргне по лош пат. Ко Ноле нема да биде стопосто.
Под објавата голем број луѓе се надоврзуваат за тоа колку се почесто родителите ги тераат децата со сила да прават нешто што всушност тие го сакаат, а не нивните деца.
Да потсетиме дека Сашо Тасевски има и книга со наслов „Мајки од високото добро утро“.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button