Реклама
Вирално

Бев тинејџерка кога гpaдитe почнаа да ми растат, а денес од срам ни НЕ излегувам од дома – шокантна исповед на една мајка!

Реклама

Поради моето гигантско деколте не излегувам од дома

Една 25 годишна мајка од Болтон тврди дека откако влегла во пубертет со ужас гледа како растат нејзините гpaди – тие не застанале ни сега, по толку години, а заради гигантското деколте не може да излезе од дома.

Маркетинг

Ова го изјави Фиона Хорнби од Болтон која е мајка на едно дете и која заради огромните гpaди не може ни да стои пет минути.

„Бидејќи не можам да стојам повеќе од пет минути, едноставно не можам ни од дома да излезам. Да не зборувам за големите болки што ги трпам во рбетот, а не можам ни облека да најдам за себе. Практично, моите гигантски гpaди ми го уништија животот. Немам ни трошка самодоверба“, вели Фиона, а пренесе порталот „Жена Блиц“.

Маркетинг

Таа додава и дека заради проблемот со гpaдитe кај неа се создал страв од излегување од дома.

„Луѓето се невнимателни кога сум надвор. Повеќето мислат дека гpaдитe ми пораснале затоа што сум дебела, што не е вистина. Покрај тоа луѓето постојано ми приоѓаат, и покрај тоа што не ме познаваат, за да ме прашаат дали ми се природни или силикони“, раскажува за проблемите со кои се соочува во животот оваа млада жена.

Како што вели таа, нејзините гpaди почнале да растат додека била тинејџерка и од тогаш не престанале да се зголемуваат.

Таа вели дека во училиште сите ја задевале и малтретирале бидејќи мислеле дека намерно ги истакнува во преден план, а вистината е што и да облече, тие секогаш први се забележуваат. За големите болки што постојано ги трпи не сака ни да зборува, а многу жени очигледно не се свесни за тоа бидејќи многу пати и велеле дека би сакале да бидат на нејзино место, а немаат претстава низ што сé поминува.

„Не можам ни да спијам бидејќи едноставно не можам да најдам положба во која не ме гушат. Не можам ни да работам, ни да вежбам, дури ни да шетам. Очајно ми треба операција да ги намалам гpaдите, но моето здравствено осигурување не го покрива тоа, па затоа сум приморана да ги молам луѓето за донација преку интернетот“, вели Фиона и додава дека заради своите огромни гpaди не можела ни да го дои детето, бидејќи постојано се плашела да не го задуши.

Извор: Жена Блиц

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button