„Бев на работ на смртта затоа што ја послушав козметичарката“ – страшна исповед на човек кој преживеал рак на кожата

Меланомот е најсериозната форма на рак на кожата во однос на морталитетот.
Меланомот може да се развие било каде на кожата, а во 30-50% од случаите се развива од веќе постоечките невуси. Најчеста локализација кај мажите е на трупот, а кај жените на нозете и трупот.

Во продолжение ви пренесуваме исповед на човек кој поминал низ пеколот, но успеал да се избори со болеста.
Кога сопругата на Мет Хејвуд забележала дека бенката на неговиот грб ја променила бојата кон крајот на 2020 година, помислиле дека треба да го прегледаат лекар. Се чинеше дека порасна значително, поточно, достигна големина на паричка.

Сето тоа се случи за време на пандемијата на коронавирусот, поради што Мет одложувал да оди на лекар. Веќе на почетокот на 2021 година, тој одлучил да испрати фотографија од бенката на својот општ лекар. По неколку часа добил повик од лекар. Му рекоа да оди на дерматолог. Само еден преглед беше доволен за да се утврди дијагнозата. Мет открил дека има меланом, најсериозниот вид на рак на кожата.
– За мене младежот беше далеку, нешто што не можев да го видам доколку не се поставам во непријатна положба. Беше надвор од мојот вид, надвор од мојот ум – се присетува Мет.

– Не дека ги затворив очите или одолговлекував, имаше пандемија. Имав намера да одам на лекар, но беше премногу тешко. Се јавив на лекар и дознаев дека сум само 16-ти во редот за преглед.
Мислев: „Ќе се обидам повторно утре“, но никогаш не го сторив тоа“, рече Мет, кому му беше дијагностициран рак на кожата во втор стадиум. По операцијата, лекарите му предложиле на Мет да се оперира за да се утврди дали ракот се проширил.
За жал, веста не беше добра. Ракот се проширил на лимфните јазли на неговата рака и бил во трета фаза.
– Тешко ми беше да поминам низ сето тоа. Кога ќе ви го кажат ова, тоа станува ваша траума. Кога ми кажаа дека имам рак, тоа беше пресуден момент за мене. Сфатив дека такви работи може да му се случат на секого и дека тоа не се само случаи за кои слушате во вестите и за кои чувствувате сочувство. Секому може да му се случи – вели Мет.
Мет имаше операција за отстранување на кожата од пазувите и следната година ја помина на физиотерапија за да научи повторно да ја користи раката. За среќа, операцијата била успешна и тој сега е во ремисија. Тој цврсто верува дека ракот на кожата е предизвикан од солариум еднаш месечно, што бил совет на козметичар кај кого отишол во 20-тите години.

– Имав осип кој се формираше на моите гради и ми кажаа дека може да е поврзан со стрес. Козметичарот кој дојде во салата каде што тренирам, ја погледна мојата кожа и рече дека сончањето може да помогне. Тоа беше целосна глупост и тоа го научив на потешкиот начин. Во болница, 15 години подоцна, ми кажаа дека секое сончање е уште еден клинец во ковчегот.
По закрепнувањето, Мет се искачи на трите највисоки врвови во националниот парк Сиера Невада. Тој трчаше на маратонот, а со себе ја понесе и десетгодишната ќерка Лили, која му беше најголема поддржувач.
View this post on Instagram




