Бев една од 11-те сопруги на богат шеик: Чекав на ред да спијам со него, ми напиша порака со крв, и така ме освои- кога побарав да биде само мој ме избрка!
Долго време живеела како дел од неговиот харем...
Пред неколку дена во медиумите беше објавено искрено сведоштво на поранешниот модел Џил Дод која живеела во харемот на саудиски трговец со оружје како една од неговите 11 „сопруги“.
фото инстаграм/Џил Дод
Џил реши да си го отвори срцето и во емисијата „60 минути“ која ја води Питер Стефановиќ со српско потекло, таа откри грозоморни детали – пораката на нејзината рака испишана со крв е само дел од нив.
фото инстаграм/Џил Дод
Џил Дод, која е позната како модел на Вог, се борела со нарушување во исхраната кога го запознала Аднан Кашоги во Монако во 1980 година, пренесува news.com.au.
– Сфатив дека никогаш не сум сретнала толку интелигентен, зборлив, смешен човек како Аднан. Да, тој беше многу богат, но некако неговата сила имаше мирна страна. Полека паднав на неговиот шарм – изјави Џил Дод:
фото инстаграм/Џил Дод
-Ми го повлече ракавот и напиша: „Те сакам“. Си помислив: „О, боже, тоа е крв. Бев малку шокирана. Но, мислев дека е навистина смешно и слатко во исто време“.
Говорејќи во емисијата Канал девет, таа рече дека набрзо станала една од неговите 11 сопруги во харем, што е дозволено со закон во Саудиска Арабија, и дека никогаш не се гледала себеси како проститутка.
Во нејзините мемоари, The Currency of Love: A Courageous Journey to Finding the Love Within, таа откри:
фото инстаграм/Џил Дод
– Во тој момент станувам член на харемот на Аднан, менувајќи се со други жени во сексот со мажот што го сакам.
Ми рече: „Сакам да се грижам за тебе. Сакам да склучам петгодишен договор“. Таа додаде дека тој бил „голем љубовник“.
„Ум плаќал на модните агенции за да спие со манекенки“
фото инстаграм/Џил Дод
– Имаше комплекс со неколку станови… неколку различни куќи. Имав сопствена куќа и викендицата на Аднан или куќата на Аднан или дел од имотот беше приватен.
Џил верува дека тој плаќал огромни суми пари на модните агенции за да спие со модели, убави млади жени кои доаѓале на неговите забави и спиеле или со него или со неговите пријатели.
фото инстаграм/Џил Дод
– Земавме кокаин. Со денови ќе бевме затворени во соба, ќе водевме љубов, ќе јадевме, готвачот ни носеше храна – раскажала повеќе детали за животот во харемот.
Таа рече дека тогаш не и пречело што спиел со други жени:
фото инстаграм/Џил Дод
– Не се сметав себеси за една од тие жени, но очигледно е дека бев една од нив. Јас бев. Но, јас никогаш не се сметав себеси за проститутка.
Таа во својата книга напиша дека иако била охрабрувана да има други мажи, таа му останала верна на Кашоги додека биле заедно.
фото инстаграм/Џил Дод
– Како што минуваа месеците, јас само сакав да бидам со Аднан и не се грижев за деталите. Тој ми беше момче. Иако имаше и други жени наоколу, не знаев која е „жената на задоволство“, случајниот љубовник или пријателката која флертува. Немаше вистинска врска меѓу нас жените – додаде таа.
Кога имала 22 години по две години поминати во харемот, не сакала да биде една од многуте жени. Таа сакаше моногамија од Кашоги. Тој не го сакаше тоа, па раскинаа.
фото инстаграм/Џил Дод
Џил живее во Америка со нејзиниот трет сопруг Џеф а со него е 24 години. Има 38-годишен син и две ќерки. Таа верува дека Кашоги знаел дека пишува книга.
Тој почина на 81-годишна возраст во 2017 година – истиот ден кога беа објавени нејзините мемоари, пишува The Sun.
фото инстаграм/Џил Дод
Џил Дод е сопственичка на многу успешен бренд кој и донесе големо богатство.