Бев гладна, со месеци јадев само јогурт и леб – шок исповед на една од НАЈБОГАТИТЕ и најпознатите пејачки на целиот Балкан
Таа денес е една од најбогатите пејачки во регионот, но малкумина знаат за овие детали од нејзиниот живот
Лепа Брена веќе со децении важи за една од најпознатите и најслушаните пејачки на целиот Балкан.
Брена се прослави во времето на поранешна Југославија, уште во 1981 година кога почна да настапува со бендот „Слатки грех“ и од тој момент започнува нејзината кариера.
„Пораснав во стан од 50 метри квадратни и како мала сонот ми беше да направам нешто, да бидам самостојна, а тоа и сум“.
„Но на крај, кога ќе го исполните сите соништа и кога е го купите автомобилот што го сакате, прстенот, па бундата, па онаа чанта и кога сето тоа ќе го имате и кога едно утро ќе станете и кога ќе помислите дека до тоалетот имате 20 метри од креветот или дека нешто сте заборавиле на третиот кат од куќата, е сфатите дека сето тоа всушност и нема смисла“, искрено раскажа тогаш Брена.
Но пред да започне соработка со овој бенд, популарната пејачка живеела многу скромен и сиромашен живот.
„Јас дословно бев гладна кога отидов во Белград да студирам туризам и таму поминав шест месеци. Се сеќавам колку очајнички штедев пари за да можам да одам на екскурзија во Купари покрај Дубровник. Јадев само леб и јогурт, па ако сакав благо, ќе земев шеќер“, раскажа Брена за „Вечерњи лист“ во 2014 година, па откри како и зошто во еден момент решила да од корен да го промени својот живот.
„Еден ден бев потполно накисната и стоев на ветрот а автобуската станица, гладна и тажна, а покрај нозете до мене стоеше припиено едно мало кутре. И двајцата се тресевме од студот, а на небото светна молња и како да ме просветли во мозокот. Си кажав самата на себеси Немам пари ни за книги ни за храна, од денес го зимам животот во свои раце. Се вратив во Брчко и го сретнав бендот со кој подоцна настапував и им кажав пејачката ви е одлична, но јас сум подобра. Саша Поповиќ ги подигна очилата и тоа беше тоа“, изјави пејачката, но исто така истакна и дека богатството и големата куќа не го прави човекот среќен“.
„Пораснав во стан од 50 метри квадратни и како мала сонот ми беше да направам нешто, да бидам самостојна, а тоа и сум. Но на крај, кога ќе го исполните сите соништа и кога е го купите автомобилот што го сакате, прстенот, па бундата, па онаа чанта и кога сето тоа ќе го имате и кога едно утро ќе станете и кога ќе помислите дека до тоалетот имате 20 метри од креветот или дека нешто сте заборавиле на третиот кат од куќата, ќе сфатите дека сето тоа всушност и нема смисла“, искрено раскажа тогаш Брена дотогаш непознати детали од нејзиниот живот.
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Во продолжение погледнете и како изгледа куќата на Брена…
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена