Најмладиот пациент хоспитализиран во Италија со Ковид-19 по три недели ја победи битката.
Бебето, старо само два месеци, сега е дома.
Според италијанските медиуми, бебето веќе нема треска или други симптоми на опасната болест, како и мајката која закрепнала од пневмонија. Бебето и мајка се хоспитализирани во болницата Бари на 18 март.
Во Италија животот го изгубиле 18.227 луѓе од „Ковид-19“, повеќе отколку во која било друга земја во светот.
Филипче кажа кога животот во Македонија ќе се врати во нормала
Според најавите на министерот за здравство, Венко Филипче кон крајот на април животот во Македонија треба да почне полека треба да се враќа во нормала.
„Сакам да упатам порака дека нема да може лесно, целокупниот работен процес и животот, да се врати со ист интензитет, имајќи ги во предвид искуствата на другите земји. Секогаш постои ризик и за друг пик на новодијагностицирани пациенти. Следната недела започнуваме интензивна комуникација со претставници на стопанските комори, а на кои од наша страна и комисијата за заразни болести ќе им се даде јасна насока на економските оператори, производствени капацитети, угостители, како треба нивниот работен процес да го организираат за да во моментот кога ќе се одлучи дека е дојден момент да се отстранат ригорозните мерки, процесот постепено да се врати во нормала“, рече Филипче.